ВМРО-ДПМНЕ ГО ПОВИКА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ИСТРАЖИ ДАЛИ ПАРИТЕ ОДЕЛЕ ВО ПРИВАТНИ ЏЕБОВИ „Криминалот на СДСМ метастазирал и во Клиниката за дерматологија“
Криминалот на СДСМ за време на седумгодишното владеење нема пора во општеството каде не се проширил. Малигниот криминал на кадрите на СДСМ, метастазирал дури и во најсуштинските гранки на општественото делување, како што е здравството. Последната метастаза на криминалот на СДСМ е дијагностицирана во Клиниката за дерматологија, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
„Кадрите кои СДСМ ги постави за раководство на клиниката наплаќало услуги од пациенти и за тоа не поднесувале извештај во Министерството за здравство. И сето ова го констатира Државниот завод за ревизија во Извештајот изготвен во 2024 година, за работата на клиниката во периодот од 2023 година. Клиниката за дерматологија секако има право да дава услуги на пациенти кои пациенти кои плаќаат со лични средства и на странци во делот на козметологија, но за тоа е потребно на секои шест месеци да доставува извештај до Министерството и тоа, за обемот и видот на извршените здравствени услуги. Исто тоа, Клиниката овој тип на работа, односно давањето на здравствени услуги кои пациентите ги плаќале приватно, го извршува без согласност од Министерството за здравство. Дополнително, ДЗР констатира Клиниката немала одобрен ценовник од Министерството за здравство врз база на кој ќе ги дава и наплаќа здравствените услуги“, се наведува во соопштението.
Со сето ова, се додава во соопштението, дадени услуги наплатени приватно со парите на граѓаните, Клиниката ги наплаќала незаконски.
ВМРО-ДПМНЕ го повика Јавното обвинителство да постапи по Извештајот на ДРЗ кој констатира низа на пропусти и злоупотреби и да ги истражи истите овие наводи.
„ЈО треба да отвори истражна постапка како се наплаќале парите, колку се наплаќало, каде завршиле и дали дел од парите завршувале и во приватни џебови, стои во соопштението на владејачката партија“, бараат од владејачката партија.