ВЛАДАТА СО ПАРИ НА НАРОДОТ ПЛАЌА НАЈСКАПО ПАРНО Митева смета дека владата е неспособна да ги решава проблемите
Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ вели дека катастрофалното менаџирање со кризите од страна на енергетскиот и економскиот тим на СДСМ преку Крешник Бектеши и Фатмир Битиќи се гледа и низ ставот од АД Те-То Скопје, од каде што алармираа дека предложената цена од страна на владата ќе значи нивно работење со загуба и дека ова е само делумно решавање на проблемот.
Секој месец нова кризна состојба со СДСМ. Откако целата измината година експертите предупредуваа за енергетска и топлинска криза, додека извесен период од БЕГ убедуваа дека греат со оптимален режим и дека континуирано испорачуваат топлина до потрошувачите, одеднаш Владата прогласи кризна состојба со снабдувањето на топлинска енергија. Граѓаните беа ставени пред свршен чин, еден ден пред исклучување. Оваа Влада на СДСМ е причина за уништениот стандард на граѓаните кои имаат недостиг на топлинска енергија и плаќаат поскапа струја, обвини денеска портпаролката на ВМРО-ДОМНЕ Марија Митева.
– Поради неспособноста на Владата предводена од СДСМ граѓаните плаќаат повисоки сметки за парно и се во неизвесност дали ќе има греење.Додека сите светски лидери водеа интензивни разговори за обезбедување на гас по пониски цени, првиот човек на РКЕ Марко Бислимовски пред само два месеци ги убедуваше граѓаните да бидат спокојни за грејната сезона, тврдеше дека компаниите се подготвени. Денес, Владата повторно со парите на граѓаните, преку буџетски средства плаќа најскапа топлинска енергија – рече Митева.
Според неа, состојбата е ваква бидејќи СДСМ и Владата се неспособни да ги решат проблемите навреме и затоа го доведува секое домаќинство во поголеми трошоци преку сметките за парно и струја.
– Неспособноста на СДСМ го отежнува секојдневието по сите основи. Катастрофалното менаџирање со кризите од страна на енергетскиот и економскиот тим на СДСМ преку Крешник Бектеши и Фатмир Битиќи се гледа и низ ставот од АД Те-То Скопје, од каде што алармираа дека предложената цена од страна на владата ќе значи нивно работење со загуба и дека ова е само делумно решавање на проблемот. Дополнително, се закануваа дека ќе се одземе лиценцата на БЕГ што е уште една лага во низата лаги кажани од СДСМ -рече Митева и додеде дека хаварија, безредие и неизвесност е секојдневието кое го нуди СДСМ.