УТРИНСКИ ХАОС НА СКОПСКАТА ОБИКОЛНИЦА Камион и автомобил се судрија, има повреден

Несреќата се случила рано утрово на делницата од Бутел кон Мирковци, а поради увидот сообраќајот се одвивал отежнато.

0

Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа што рано утрово се случила на скопската обиколница, откако се судриле камион и автомобил, информира Министерството за внатрешни работи.

Според полициските информации, несреќата била пријавена во 05:40 часот во СВР Скопје.






„На обиколница на Град Скопје, на делницата од Бутел кон Мирковци, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно и патничко возило, двете со скопски регистарски ознаки“, соопшти полицијата.

Во несреќата е повреден еден од возачите, но засега не се соопштуваат детали за степенот на повредите.

Поради судирот, во утринските часови сообраќајот на овој дел од скопската обиколница се одвивал отежнато.

Надлежните служби извршиле увид на местото на настанот, а причините за несреќата се утврдуваат.

Поврзани содржини