ТЕШКО ПОВРЕДЕНА ПЕШАЧКА ПОЧИНА ВО БОЛНИЦА Во неа удрил „пасат“ во населбата Ченто
Несреќата се случила вчера во 18:19 часот, кога патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 62-годишниот И.С. од Скопје, ја удрило Р.А.
Осумдесет и едногодишна жена од скопското село Стајковци починала во комплексот клиники „Мајка Тереза“, откако во неа удрил автомобил на улицата Методија Андонов Ченто во Скопје.
Несреќата се случила вчера во 18:19 часот, кога патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 62-годишниот И.С. од Скопје, ја удрило Р.А.
Жената се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во болница, каде што подоцна починала.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатата е предадено на обдукција. Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Скопје.