ЦРВЕНИОТ КРОМИД МОЖЕ ДА ПОМОГНЕ ВО РЕГУЛИРАЊЕТО НА ШЕЌЕРОТ ВО КРВТА Еве зошто е добро да ја јадете почесто оваа намирница

Го користиме во салати, сендвичи и разни јадења, но благодарение на своите природни состојки, црвениот кромид може да им помогне на лицата со покачено ниво на гликоза во крвта или со дијабетес тип 2.

0

Црвениот кромид е дел од секојдневната исхрана во многу домаќинства, но освен што им дава вкус на јадењата, содржи и соединенија што би можеле да имаат корисно влијание врз метаболичкото здравје. Особено внимание привлекува неговиот можен придонес во регулирањето на шеќерот во крвта, што е важно за луѓето со покачена гликоза и дијабетес тип 2.

Една од причините за интересот за оваа намирница е присуството на кверцетин, антиоксидант од групата флавоноиди, како и други биоактивни соединенија. Кверцетинот е моќен антиоксидант за кој одредени истражувања покажале дека може да придонесе за подобра чувствителност на клетките на инсулин. Тоа значи дека телото поефикасно ја користи гликозата од крвта, што може да помогне во одржувањето постабилно ниво на шеќер и во намалувањето на наглите осцилации.






Токму овие осцилации се особено ризични за лицата со дијабетес, поради што стабилното регулирање на гликозата е една од клучните цели во секојдневната грижа за здравјето.

Што се однесува до начинот на консумирање, црвениот кромид задржува најмногу корисни својства кога се јаде свеж, односно сиров. Термичката обработка може да ја намали количината на одредени хранливи и биоактивни состојки. Наједноставно е да се додаде во свежи салати, сендвичи или да се послужи како прилог со веќе подготвените јадења.

Сепак, важно е да се нагласи дека црвениот кромид не може и не смее да ја замени пропишаната терапија. Лицата што се лекуваат од дијабетес треба да се посоветуваат со лекар или нутриционист пред да направат поголеми промени во исхраната.

Поврзани содржини