УШТЕ 4 ЗАПАДНИ КОМПАНИИ ВО РУСИЈА СТАВЕНИ ПОД ПРИНУДНА УПРАВА Путин се реваншира за европската поддршка на Украина

Новиот указ доаѓа во услови на дополнително влошување на односите меѓу Москва и ЕУ.

87

Русија презеде мерки за ставање под привремена управа на имотот на француски, германски, шведски и холандски компании во земјата, со указ на претседателот Владимир Путин.

Во указот објавен во четвртокот се наведени имотите на францускиот производител на подни облоги „Таркет“ (Tarkett), германскиот производител на амбалажа „Меншен“ (Menshen), шведската компанија „Сверија интернешнл холдингс“ (Sverija International Holdings) и холандската „Соноко“ (Sonoco).






Одлуката следува по сличната мерка од минатиот месец, со која беа опфатени прехранбениот концерн „Нестле“ (Nestlé) и трговските синџири „Ошан“ (Auchan) и „Метро“ (Metro). Тогаш Кремљ соопшти дека станува збор за реверзибилни мерки како одговор на улогата на земјите од ЕУ во украинскиот конфликт.

Новиот указ доаѓа во услови на дополнително влошување на односите меѓу Москва и ЕУ поради европската поддршка за Украина.

Мерките се донесени во мигови кога се објавуваат информации дека САД би можеле да преземат контрола врз дел од руските средства замрзнати во Европа.

Поврзани содржини