СКАПИ ТЕЛЕФОНИ И ПАРФЕМИ МЕЃУ СТОКИТЕ ШТО ПЛУТААТ ВО ПЕРСИСКИОТ ЗАЛИВ Потонувањео на сингапурскиот брод со 2.500 контејнери нанесе голема штета

Товарниот брод GFS Pride, кој пловел под знамето на Сингапур, потона откако претрпе оштетувања од експлозија по која избувна пожар. Иран тврди дека бродот налетал на подводна мина, а Сингапур – дека бил погоден од проектил.

0

Наводно, кутии со скапи телефони и луксузни парфеми пловат во водите на Ормускиот Теснец, откако товарен брод потона во близина на брегот на Оман. Фотографии и видеоснимки на кои се гледаат контејнери и разни предмети во морето се проширија на социјалните мрежи, а дел од медиумите објавија дека меѓу стоката што наводно завршила во водата има и мобилни телефони на „Епл“.

Според објавите, станува збор за најновите модели iPhone 18 Pro и iPhone 18 Pro Max, но оваа информација засега не е независно потврдена. Не е познато ниту дали сите снимки што кружат на интернет се направени по истиот инцидент. Медиумите предупредуваат дека дел од фотографиите можеби се генерирани или модификувани со вештачка интелигенција.






Сепак, дека контејнери и предмети навистина пловат во областа по потонувањето на бродот потврдуваат и сателитски снимки објавени преку „Ројтерс“, направени на 14 октомври во близина на брегот на Оман. Британскиот весник „Индипендент“ исто така објави фотографии од контејнери и стока во водата, повикувајќи се на снимки споделени на социјалните мрежи. Не е потврдено, меѓутоа, дека кутиите на кои наводно се гледаат телефони потекнуваат токму од потонатиот брод.

Товарниот брод GFS Pride, кој пловел под знамето на Сингапур, потона откако претрпе оштетувања од експлозија по која избувнал пожар. Сингапурската поморска и пристанишна управа соопштила дека сите 21 член на екипажот се безбедно евакуирани и дека нема пријавени повредени.

За причините за инцидентот постојат различни тврдења. Иранската морнарица на Корпусот на исламската револуционерна гарда соопшт дека бродот удрил во поморска мина додека се движел по рута што Техеран ја оценил како неовластена и опасна. Од друга страна, сингапурските власти соопштија дека бродот бил погоден од проектил со непознато потекло. Засега нема независна потврда на ниту едно од овие тврдења.

🎥 2.500 КОНТЕЈНЕРИ СЕ „ИСТУРИЈА“ ВО ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ Потона брод под знаме на Сингапур, спорна е причината

Поврзани содржини