🎥 2.500 КОНТЕЈНЕРИ СЕ „ИСТУРИЈА“ ВО ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ Потона брод под знаме на Сингапур, спорна е причината

Според иранската верзија, бродот налетал на морска мина и потонал, а според Ројтерс, бил погоден со проектил.

106

Снимка објавена од Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) прикажува товарен брод како тоне во водите јужно од Ормускиот Теснец, додека контејнери пловат во морето. Според иранската страна, бродот превезувал околу 2.500 контејнери и бил прогласен за „нелегален“ бидејќи пловел по рута што Техеран не ја дозволува.

„Станува збор за контејнерскиот брод „ГФС Прајд“, кој пловел под сингапурско знаме, а бил управуван од компанијата ГФС Шип Менаџмент (GFS Ship Management FZE), со седиште во Обединетите Арапски Емирати.“






Профилот „Опен сорс интел“ (Open Source Intel) на мрежата Икс ја објави снимката на 14 октомври, наведувајќи дека потекнува од ИРГЦ. Според иранската верзија, бродот налетал на морска мина и потонал. Автентичноста на снимката и причината за потонувањето не се независно потврдени.

Пакистанските поморски власти издале навигациско предупредување дека товарен брод потонал и дека контејнери пловат во морето. Ројтерс, повикувајќи се на извори од поморската безбедност, објави дека бродот „ГФС Прајд“ (GFS Pride) бил погоден со проектил. Така, засега постојат различни верзии за причината за потонувањето.

Асошиејтед прес објави дека иранската државна телевизија прикажала снимка од брод што се навалува во водата и испушта густ чад, но наведува дека не можела независно да ја потврди автентичноста на кадрите. Не е целосно разјаснето ниту дали снимката што ја објави профилот „Опен сорс интел“ е направена непосредно пред потонувањето.

Инцидентот се случува во Ормускиот Теснец, една од најважните светски поморски рути за транспорт на нафта и стока, каде што безбедноста на трговските бродови е особено чувствителна. Засега нема независна потврда дека бродот навистина налетал на мина поставена од ИРГЦ.

Поврзани содржини