ИРАН ГО КОРИСТЕЛ „СТАРЛИНК“ ВО НАПАДИТЕ ВРЗ АМЕРИКАНСКИТЕ СИЛИ Според Вашингтон пост, Маск збеснал кога дознал

Извршниот директор на СпејсИкс, Елон Маск дознал за два случаи на неовластена употреба на сателитските интернет услуги „Старлинк“, што неговиот тим ги поврзал со дејствијата на Иран против американските сили, објави весникот Вашингтон пост.

0

Иран ги користел сателитските интернет услуги „Старлинк“ на СпејсИкс за да ги нападне американските сили откако САД и Израел започнаа напади врз Иран, објави весникот Вашингтон пост, повикувајќи се на извори запознаени со ова прашање.

Извршниот директор на СпејсИкс, Елон Маск, збеснал кога дознал за два случаи на неовластена употреба на „Старлинк“ што неговиот тим ги поврзал со дејствијата на Иран против американските сили, објави весникот, повикувајќи се на две лица запознаени со внатрешните дискусии на компанијата.






Маск бил информиран и дека американската војска ја користи воената верзија на „Старлинк“, наречена „Старшилд“, за управување со беспилотни летала за еднократна употреба, но со поевтин пакет услуги наменет за копнени операции, изјави еден од изворите за „Вашингтон пост“.

„СпејсИкс“ и иранското министерство за надворешни работи не одговорија веднаш на барањето на Ројтерс за коментар.

Весникот пишува дека употребата на „Старлинк“ во иранската војска е опишана во класифициран извештај до американскиот министер за одбрана Пит Хегсет. Министерството за одбрана на САД соопшти за Ројтерс дека не знае за постоењето на таков извештај испратен до канцеларијата на министерот за одбрана.

Употребата на „Старлинк“ во области на геополитички конфликт, надзорот на тој систем од страна на американската влада, како и неговата неовластена употреба од страна на субјекти под санкции, беа под зголемен јавен надзор во контекст на војните во Украина и во Иран. „Старлинк“ нема лиценца за работа во Иран, но Маск претходно изјави дека услугата е активна таму.

Во периодите на немири, иранските власти го прекинаа пристапот на граѓаните до интернет, вклучително и за време на јануарските протести низ целата земја, во кои имаше жртви. По тие протести, американската влада, според „Волстрит џурнал“, шверцуваше илјадници терминали на „Старлинк“ во Иран.

Иранските власти имаат строга контрола врз пристапот до интернет откако САД и Израел го започнаа актуелниот конфликт со Иран кон крајот на февруари.

Поврзани содржини