🎥 ТРАМП Ѝ СЕ ЗАКАНИ НА ФОН ДЕР ЛАЈЕН СО ЕКСТРЕМНО ВИСОКИ ЦАРИНИ ПОРАДИ ПРИДРУЖНОТО ЧЛЕНСТВО НА КАНАДА Идејата ја нарече смешна

Американскиот претседател сепак остави простор за договор ако се покаже дека намерите се „добри“.

1

Претседателот на САД Доналд Трамп ѝ се закани на Европа со „строги царини или целосно прекинување на трговијата“ доколку Европската унија одлучи да ја прифати Канада како придружен член. Неговата реакција доаѓа во време кога Канада се обидува да ги зајакне врските со Европа во услови на влошување на односите со Вашингтон.

Тој ја нарече „смешна“ идејата за придружено членство на Канада, која ја презентираше претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во својот вчерашен говор.






– Канада е очаен трговски партнер. Доколку го оценам како непријателски чин, ќе воведам многу високи тарифи или целосно ќе ја прекинам трговијата со Европа во многу сектори – изјави Трамп.

Сепак, тој остави простор за договор ако се покаже дека намерите се „добри“, но предупреди дека во спротивно САД би можеле да воведат „екстремно високи тарифи“ за Европа.

Претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, ја презентираше идејата за Канада како прва придружна членка на ЕУ во својот говор за состојбата на Унијата, а канадскиот премиер Марк Карни беше присутен и во публиката.

– Би сакала да соработувам со вас за да ја отвориме вратата за Канада како прва придружна членка на ЕУ- рече фон дер Лајен.

Таа, исто така, најави поширок „Алијанса за иднината“ што би се базирала на веќе постоечкиот трговски договор меѓу ЕУ и Канада и би вклучувала одбрана, енергија, технологија, критични суровини и Арктикот.

Предлогот ги изненади европските престолнини и не е сосема јасно што би подразбирало придружното членство, бидејќи таков статус моментално не постои во правото на Европската Унија.

Идниот амбасадор на Канада во ЕУ, Џонатан Вилкинсон ги смири шпекулациите.

– Сè уште не сме во таа фаза. Фокусирани сме на постигнување конкретни резултати – рече тој.

Премиерот на Канада Карни повика на „единствен сојуз“ со ЕУ.

Карни денеска треба да се обрати пред Европскиот парламент.

Поврзани содржини