ТРАМП НАЈАВИ ЦАРИНА ОД 200% ЗА ЕВРОПСКОТО ВИНО За дел од винарниците извозот во САД нема да биде можен
Оваа најава на Трамп предизвика немир кај производителите на вино во Европа кои со години работеа на извозот на своите вина во САД.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека планира да воведе царини од 200% за виното и другиот вид на алкохолот од Франција и другите европски земји, откако Европската Унија соопшти дека ќе воведе данок на увоз на американско виски.
„Европската унија, едно од најнепријателските и најзлоупотребените даночни и тарифни тела во светот, основана со единствена цел да ги искористи САД, штотуку воведе гадна царина од 50% за вискито. Доколку оваа тарифа не се отстрани веднаш, САД наскоро ќе воведат царини од 200% за сите вина, шампањи и алкохолни производи кои доаѓаат од Франција и другите земји на ЕУ. Ова ќе биде одлично за бизнисот со вино и шампањ во САД“, напиша Трамп на Truth Social.
Оваа најава на Трамп предизвика немир кај производителите на вино во Европа кои со години работеа на извозот на своите вина во САД.
Посебно се загрижени помалите производители, како Хрватска, за кои извозот на вино не би бил можен со вакви царини.