ТРАМП ГО ПОТВРДИ НАЈТЕМНОТО СЦЕНАРИО ЗА УКРАИНА Америка ќе ги напушти преговорите доколку не се постигне мировен договор

На прашањето каков напредок би требало да види за да ги продолжи преговорите, Трамп рече дека „ќе мора да види ентузијазам за ставање крај“ од двете страни, предвидувајќи дека ќе знае „наскоро“.

1,777

Американскиот претседател Доналд Трамп ги потврди зборовите на американскиот државен секретар Марко Рубио за повлекување од преговорите доколку руската и украинската страна „наскоро“ не постигнат договор.

Трамп рече дека Рубио е „во право“, но во исто време покажа поголем оптимизам за изгледите за постигнување договор.






На прашањето за временската рамка во која САД би можеле да се повлечат, Трамп одговори: „Нема одреден број на денови, но сакаме да го завршиме тоа брзо“.

– Ако, поради некоја причина, една од двете страни го отежнува тоа, ние само ќе кажеме: Глупави сте, глупави сте. Вие сте ужасни луѓе и само ќе се откажеме, но се надевам дека нема да мора да го направиме тоа – додаде тој.

Претседателот на САД не сакаше да каже дали е подготвен целосно да ги напушти преговорите или дали ќе продолжи воено да ја поддржува Украина доколку разговорите не успеат.

На прашањето каков напредок би требало да види за да ги продолжи преговорите, Трамп рече дека „ќе мора да види ентузијазам за ставање крај“ од двете страни, предвидувајќи дека ќе знае „наскоро“.

– Мислам дека имаме навистина добри шанси да го оствариме тоа. Сега сè доаѓа до врвот – рече тој.

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека ако не е можно да се стави крај на војната во Украина, Соединетите Американски Држави треба да се откажат од напорите и да продолжат понатаму.

– Ако не е можно да се стави крај на војната во Украина, мора да продолжиме понатаму – им рече тој на новинарите пред да замине од Париз.

– Тоа не е наша војна. Ние не ја почнавме. САД и помагаат на Украина три години и сакаме војната да заврши, но ова не е наша војна. Претседателот Доналд Трамп 87 дена прави континуирани напори на највисокото ниво на владата за да ја доведеме оваа војна до крај. Сега доаѓаме до точка кога треба да одлучиме и да утврдиме дали тоа е воопшто можно. Затоа разговараме со двете страни – рече Рубио.

– Треба многу брзо, во рок од неколку дена, да утврдиме дали мировен договор е остварлив на краток рок, бидејќи ако не е, мислам дека само ќе продолжиме понатаму – рече Рубио.

– Нема да ги продолжиме овие напори со недели и месеци без крај – додаде тој.

Поврзани содржини