🎥 „АКО ЕВРОПА ЈА НАПАДНЕ РУСИЈА, ВОЈНАТА ЌЕ БИДЕ МНОГУ КРАТКА И СОСЕМА ПОИНАКВА“ Остро предупредување од Лавров

Идејата за нанесување стратешки пораз на Русија е сè уште во центарот на аспирациите на Западот кон Руската Федерација, рече рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

151

Русија ќе го смета евентуалното распоредување на воени контингенти на западните земји во Украина како чин на војна, рече денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Според Лавров, Русија не планира напад врз западните земји, но ситуацијата драстично би се променила доколку, како што рече, Европа ја нападне Русија, по што ќе следи „многу кратка војна“.






– Ако Европа, која секој ден зборува за подготовки за војна против Русија, ја нападне Руската Федерација, тоа веќе ќе биде сосема поинаква војна и ќе биде многу кратка. Се надевам дека ова предупредување е слушнато во европските престолнини и структури кои сега се обидуваат да се претстават како обединета Европа – рече Лавров на Меѓународниот младински фестивал во Екатеринбург, пренесоа руските медиуми.

Зборувајќи за Европа, Лавров рече дека многумина ја гледаат како „извор на злото“ со оглед на, како што наведе, страдањето и уништувањето што му го предизвикала на светот низ историјата.

Во интервју на Првиот канал, Лавров рече дека во текот на претходните 500 години Европејците живееле на сметка на другите, наведувајќи го колонијализмот и ропството, и дека политиката на европските земји довела до избувнување на две светски војни.

Тој, исто така, потсети на инвазите на Наполеон и на Хитлер врз Русија, во кои, според него, учествувале претставници од цела Европа.

Лавров рече дека „идејата за нанесување стратешки пораз на Русија“ е сè уште во центарот на аспирациите на Западот кон Руската Федерација.

Зборувајќи за ситуацијата во Украина, Лавров рече дека за Русија решавањето на конфликтот значи исполнување на задачите поставени од Москва на почетокот на специјалната воена операција и елиминирање на коренските причини за кризата.

Тој, исто така, ги обвини украинските власти дека се „единствениот режим во светот што забранил цел јазик“, потсетувајќи дека рускиот јазик е законски ограничен во Украина од 2017 година.

Лавров, исто така, оцени дека европските земји сакаат да го задржат „отворено нацистичкиот и русофобичен режим“ на власт во Украина и дека разгледуваат планови за распоредување на одредени сили на територијата контролирана од украинските власти.

Поврзани содржини