ТРАГЕДИЈА ВО ХРВАТСКА Три деца изгореа во пожар
Засега не се познати сите детали за околностите на пожарот. Полицијата излегла на терен и врши увид за утврдување на причините за трагедијата.
Деца на возраст од 3, 7 и 9 години изгореа во семејниот дом во ромската населба Куршанец кај Чаковец во кој избил пожар.
Бебето родено минатата година било спасено.
– Целата заедница е во шок. Ова е непоправлива загуба за семејството и за целата наша населба – изјави за Međimurski.hr претседателот на ромската заедница во Меѓимурје, Матјаш Дидо Оршуш, изразувајќи го својот длабок шок од овој трагичен настан.
Засега не се познати сите детали за околностите на пожарот. Полицијата излегла на терен и врши увид за утврдување на причините за трагедијата.
Посебно се истражува каде биле родителите во моментот на пожарот.