ТРАГЕДИЈА: ДЕВОЈЧЕ УДРЕНО ОД СТРУЈА НА ЖЕЛЕЗНИЦА Несреќата се случила во населбата Маџари (Обновено)

Девојчето се обидувало да се прекачи преку електрифициран вагон.

1,722

Малолетничка на 17 годишна возраст доби струен удар, за кој се стравува дека е фатален, денеска во 13 :41 минути, откако се обидела да се прекачи преку електрифициран вагон на Македонски Железници, кој стоел на станицата во скопската населба Маџари, дознава Плусинфо од извори во јавното претпријатие МЖ. Неофицијално, инцидентот го потврди и полицијата, која работи на негово расчистување.

Според истите извори, веднаш по струјниот удар детето е итно префрлено во Урген центар за укажување лекарска помош, од страна на екипа на Итната медицинска помош. На самото место излегле и екпи на МВР, од каде најавуваат повеќе информации по расчистување на случајот.

Поврзани содржини