Строги контроли во Струшко, имало интензивна комуникација со кризното Дебарско

843

Строги контроли од полицијата има во Струшко, зашто имало интензивна комуникација со кризното Дебарско.

– И до мене стасуваат информации, ги известуваме соодветните служби, кои работат со асистенција на полицијата. Не би можел да коментирам конкретни случаи – одговори министерот за здравство Венко Филипче на новинарско прашаде дека луѓе се кријат и не се пријавуваат дека имаат симптоми, пијат парацетамоли.






– Тоа што го знаеме и посветивме внимание е акцијата на ОВР Струга за добра координација во тој регион Октиси, Лабуништа. Тоа се места во кои и претходно имало интензивна комуникација со регионот во кој сега е прогласена кризна состојба Дебар и околината. Така што тука им е советувано строго да се придржуваат кон мерките, а МВР зеде обврска за чести патроли. Значи, доколку има собирање да им се укаже, тие групи да се разбијат и тн. – рече Филипче.

 

 

 

 

 

Поврзани содржини