ПОДНЕСЕНА КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА УБИСТВОТО ВО ЧАИР Полицијата ги идентификува сторителите
Поднесена е кривична пријава против Р.К. и И.С., поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „убиство“.
Министерството за внатрешни работи информира дека по преземени мерки и активности, Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднело кривична пријава против Р.К. и И.С., поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „убиство“.
„Кривичната пријава се однесува на настанот од 06.09.2026 година, околу 23:30 часот, во близина на раскрсницата помеѓу ул. „Прохор Пчински“ и ул. „Војдан Чернодрински“ во Скопје, кога од мотоцикл со две лица било пукано со огнено оружје кон група лица“ – информира МВР.
При пукањето, А.М.(26) од Скопје бил погоден со проектил, по што со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде починал.