Северна Кореја има конкуренција – во оваа земја не постојат банкомати, тешко се доаѓа до пасош, а можете да испиете само едно пиво на ден
Младите во Еритреја очајнички посакуваат да ја напуштат татковината, но таа желба не им се остварува на сите. Исправни и валидни пасоши се добиваат дури кога ќе отслужите воен рок. Потоа ви е потребно и писмо со препорака, а тој процес може да трае со години.
Еритреја е држава во источниот дел на Африка на брегот на Црвеното Море. Оваа земја се граничи со Судан на северозапад, со Етиопија на југ и со Џибути на југоисток. Еритреја обично ја опишуваат како една од најрепресивните држави во Африка, односно како место каде што на луѓето им недостига слободата, пишува Би-Би-Си, пренесува „National Geographic“.
Ова не е ни толку изненадуцачка информација со оглед на тоа што се работи за еднопартиска држава во која владее претседателот Исајас Афеверки. Својата независност од Етиопија, Еритреја официјално ја стекна во 1993 година.
Владата ги укинала сите противнички партии и локалните приватни медиуми, а на младите им ја наметна воената обврска. Токму од таа причина, голем број од жителите на оваа земја се одлучуваат да ја побараат среќата во некоја друга држава. За жал, многумина починаа во обидот да ја преминат Сахара и Средоземното Море за да пристигнат во Европа.
Единствената телефонска мрежа е „ЕриТел“, и таа е во сопственот на државата. Сервисот е значително лош и строго контролиран. Сите оние кои сакаат да набават своја картичка, најпрво треба да се обратат директно во Владата. Добивањето картичка е ретко, а оние на кои ќе им се посреќи немаат добар сигнал и пристап до интернет. Поради тоа луѓето најмногу ги користат телефонските говорници.
Жителите на Еритреја ретко користат интернет преку ви-фи конекција, бидејќи сигналот е многу слаб и бавен. За да ги користат социјалните мрежи, тие мораат да се вклучат во приватната виртуелна мрежа „VPN“ за да ја заобиколат цензурата што ја поставила Владата.
Владата ги ограничила и парите што луѓето можат да ги подигнат од своите сметки. Дури и да имаат милиони евра на сметките, месечно можат да подигнат максимум 330 долари. Сите трансакци со пари се вршат во банките, бидејќи во земјата нема ниту еден банкомат.
Ако сакате да купите нов автомобил, потребно е во текот на секој месец да подигате одредена скромна сума пари од својата сметка за да можете со текот на времето да ја соберете посакуваната сума која ви е потребна за нов автомобил. Единствена ситуација која се смета за вонредна е одобрување за подигнување пари за венчавка. Во тој случај, треба да напишете молба до банката, а Владата да одобри подигнување поголеми средства кои би биле доволни за да се плати венчавката.
Во Еритреја постои само една ТВ станица, а тоа е државната телевизија ЕриТВ. Но, ако успеете да набавите антена, тогаш можно е да фатите сигнал од други ТВ станици акко што се Асена, Ерисат и Би-Би-Си.
Државата има само една пиварница која е отворена во 1993 година и сè уште нема конкуренција. Таму можете да испиете само едно пиво, а кој сака повеќе мора да поведе некој од своите пријатели.
Младите во Еритреја очајнички посакуваат да ја напуштат татковината, но таа желба не им се остварува на сите. Исправни и валидни пасоши се добиваат дури кога ќе отслужите воен рок. Потоа ви е потребно и писмо со препорака, а тој процес може да трае со години.
За излез од земјата потребна е виза која тешко се добива, бидејќи државата се плаши дека луѓето никогаш повеќе нема да се вратат дома. Поради тоа, стапката на илегално иселенштво во земјата е многу висока и младите постојано бараат начини како да ја напуштат државата.