Вицепремиерот Битиќи во самоизолација по контакт со позитивен на ковид-19

315

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи преку Фејсбук информира дека е во самоизолација по контакт со позитивен на ковид-19.

– Mоменталните услови на живеење за сите нас се променливи и непредвидливи, коронавирусот наметнува брзо прилагодување на новите услови.






Ова значи враќање во нормалното секојдневно работење и живеење, секако со почитување на сите мерки за заштита и превенција, но од друга страна и одговорност за себе и луѓето околу нас и почитување на насоките на Институтот за јавно здравје за изолација и тестирање кога сме имале контакт кој можеби не става под ризик.

Поради контакт со позитивно лице, во следните неколку дена влегувам во самоизолација, после што ќе направам тест. Во моментов немам никакви симптоми и се чувствувам одлично.

Ова ги менува моите секојдневни обврски и планови кои ги имав за наредните денови, се извинувам за сите откажувања на гостувања, состаноци и планирани средби.

Здравјето и безбедноста на оние околу мене, семејството, тимот и соработниците е приоритет.

Бидете здрави и живи и ова ќе помине – напиша Битиќи.

Fatmir Bytyqi 发布于 2020年10月16日周五

Поврзани содржини