СТУДЕН БРАН СЕ ДВИЖИ КОН МАКЕДОНИЈА Од понеделник почнуваат врнежи и пониски температури
До сабота ќе се задржи претежно стабилно време. Во недела и понеделник ќе има повремени врнежи од дожд и услови за нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Од вторник поради продор на постуден воздух од север ќе има опаѓање на дневната температура.
Моќен циклон со многу изразен студен фронт се движи низ северозападна Европа и веќе ги зафати северозападните делови на регионот.
Времето во Македонија, пак, до сабота ќе се задржи претежно стабилно.
На почетокот на следната недела се очекува значителна промена на времето. Според прогнозите на Управата за хидрометеоролошки работи од понеделник времето ќе стане делумно до целосно облачно, проследено со значителен пад на температурата, врнежи и вистинска есенска свежина.