СЕВЕРЕН ВЕТЕР ЌЕ ДОНЕСЕ ЗАЛАДУВАЊЕ Пред нас се дождливи денови
Од недела и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно и посвежо со повремени локални врнежи од дожд, најави Управата за хидрометеоролошки работи.
Времето од утре ќе биде врнежливо и посвежо, најави Управата за хидрометеоролошки работи.
Според УХМР, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса утре попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд., кои наместа ќе бидат поројни и проследени со грмежи.
По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.
„Повремен локален дожд ќе има и во петок во утринските часови, а во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Во сабота ќе се задржи стабилно време, а од недела и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно и посвежо со повремени локални врнежи од дожд“, најави УХМР.