НА ЈАХТА ИЛИ ВО ДУБАИ • КАДЕ ГО СЛАВИ ФИЛИПЧЕ ПОРАЗОТ ОД 4:1? Лидерот на СДСМ го „снема“ од медиумскиот простор

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ прашува зошто лидерот на СДСМ Венко Филипче не се појавува на прес-конференции по поразот на изборите во Брвеница и дали заминал да го прослави резултатот во Грција или во Дубаи.

29

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, исчезна од медиумскиот простор по изборниот пораз во Брвеница, тврди портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски. Тој иронично прашува дали Филипче заминал на јахтата на поранешниот премиер Зоран Заев во Грција или на одмор во Дубаи, откако ВМРО-ДПМНЕ освои повеќе од 4 пати повеќе гласови од СДСМ.

Манасиевски во партиското соопштение наведува дека Филипче претходно секојдневно одржувал прес-конференции, но по изборите во Брвеница престанал да се појавува во јавноста.






„По успехот кој го имаше СДСМ на предвремените локални избори во Брвеница, со пад од 8% во однос на минатите избори во 2025 година, Филипче го снема од медиумскиот простор“, се наведува во соопштението.

Тој потсетува дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница освоил повеќе од 4 пати повеќе гласови од кандидатот на СДСМ. Притоа, ја исмева оценката на опозициската партија дека постигнала изборен успех.

„По таков огромен успех на изборите во Брвеница, каде што СДСМ беа декласирани од ВМРО-ДПМНЕ со 4 спрема 1, очекувавме од Филипче да нè причести со една прес-конференција и да каже дека победиле на изборите“.

Манасиевски оценува дека СДСМ под водство на Филипче го губи политичкото влијание и дека неговата позиција како водечка опозициска партија може да биде доведена во прашање.

„Шегата на страна, СДСМ со Филипче слави пораз од 4 спрема 1 на избори“.

Тој иронично додава дека владејачката партија му дава поддршка на Филипче да остане на чело на СДСМ и му посакува уште вакви изборни резултати.

Интересно е што СДСМ коментирајќи ги сопствените резултати од Брвеница соопшти дека кандидатот на партијата Јовица Радески всушност освоил 46,8% повеќе гласови од изборите во 2025 година, претставувајќи го поразот како успех.

ВМРО-ДПМНЕ, пак, нагласи дека нејзиниот кандидат Стојанчо Радичевски освоил 2.945 гласа и дека СДСМ завршил на 4. место.

Критики стигнаа и од иницијативата „Разговори за иднината во 12:05“, која тврди дека Филипче си прави весела математика со бројките.

Барајќи оставка од Филипче од лидерското столче во СДСМ, групата „12:05“ вели дека СДСМ со Филипче станала 5. партија во Скопје, додека во Брвеница и во Куманово е на 4. место.

Поврзани содржини