📽️ ТОГО САКА СМЕНА НА КАРТАТА НА СВЕТОТ, ЌЕ СЕ ГЛАСА ВО ОН Точните големини на земјите ќе изненадат многумина
Африка на картата што ја знаеме изгледа многу помала отколку што навистина е. Гренланд делува речиси колку неа, иако Африка е околу 14 пати поголема.
Картата на светот што со генерации виси во училниците може да добие сериозен конкурент. Того денеска во Генералното собрание на Обединетите Нации турка резолуција за постепено напуштање на Меркаторовата проекција. Иницијативата ја поддржуваат и останатите 54 членки на Африканската Унија.
Целта не е Меркаторовата карта да биде забранета. Того бара државите, училиштата, меѓународните организации и технолошките компании да користат карти што поверно ги прикажуваат површините.
Причината најлесно се гледа со Африка и со Гренланд.
На Меркаторовата карта тие можат да изгледаат приближно споредливи. Во реалноста, Африка има повеќе од 30 милиони квадратни километри и е околу 14 пати поголема од Гренланд.
Еден од сајтовите кои стана хит на социјалните мрежи е thetruesize на кој можете да ги споредувате големинте на кои било две или повеќе земји додека сте во 2Д.
Истото може да се провери и на самата 3д мапа на Земјата.
5. The True Size
Arrastras países sobre el mapa y descubres que Groenlandia es en realidad del tamaño de México, o que África cabría entera con EEUU, China e India dentro.
Rompe una creencia que llevas desde el colegio: los mapas mienten. pic.twitter.com/7xjQYAu159
— IVAN | IA (@ivnways) August 28, 2026
Африка е голема колку 14 Гренланди
Проблемот не е во тоа што Герард Меркатор погрешно ја пресметал Земјата. Фламанскиот картограф ја создал проекцијата во 1569 година за навигација. Таа им овозможувала на морепловците полесно да го следат правецот со компас.
Цената на таа предност е огромна деформација на површините. Колку повеќе се оди кон половите, толку повеќе копнените маси визуелно се зголемуваат.
Затоа Гренланд изгледа џиновски. Европа, Русија и Северна Америка исто така се визуелно зголемени во однос на областите поблиску до екваторот.

Не постои рамна карта која ќе биде апсолутно точна?
Постои и математички проблем што не може да го реши ниту една карта.
Земјата е тридимензионална, а картата е рамна. Префрлањето на површината од глобус на правоаголник неизбежно деформира нешто. Oва им е познато на математичарите.
Најлесно е да се замисли кора од портокал. Кората не можете целосно да ја израмните без да ја растегнете, скинете или да оставите празнини.
Затоа различните картографски проекции жртвуваат различни нешта. Некои проекции подобро ја чуваат формата, други површината, трети растојанието или насоката.
Того сака кога се споредуваат големините да се користи проекцијата „Иквал ерт“ или други карти што ја зачувуваат површината.
Секоја карта жртвува нешто
„Иквал ерт“ не е единствената алтернатива. Картографите создале стотици проекции, бидејќи ниту една рамна карта не може совршено да ја прикаже Земјата.
Една од најпознатите е Гал-Петерс. Таа ја зачувува вистинската пропорција на површините. Затоа Африка и Јужна Америка ја добиваат соодветната големина. Но нивните форми изгледаат издолжено и неприродно.
Винкел-Трипел оди по друг пат. Наместо совршено да зачува една особина, таа се обидува да направи компромис меѓу површината, растојанието и формата. Токму затоа долго време ја користи „Нешнл џиографик“ за своите карти на светот.
Позната е и Робинсоновата проекција. Таа намерно прифаќа помали деформации на повеќе места за светот визуелно да изгледа поурамнотежено. „Нешнл џиографик“ ја користел пред да премине на Винкел-Трипел.
Картата од 1569 година сè уште доминира
„Иквал ерт“ е создадена во 2018 година. Нејзината главна предност е што ги зачувува релативните површини на земјите и на континентите.
Того тврди дека прашањето не е политичко, туку научно.
Министерот за надворешни работи на Того, Роберт Дуси, порача дека Африка не бара привилегија. Бара нејзината географска големина да биде прикажана онаква каква што навистина е.
Резолуцијата не би била правно обврзувачка. Сепак, нејзиното усвојување би можело да поттикне промени во училиштата, институциите и во дигиталните платформи.