📽️ БЕЛАТА КУЌА ПУШТИ ВИДЕОИГРИ, ВО ЕДНА СЕ ЛОВАТ МИГРАНТИ Во друга се гради ѕидот на Трамп

Петте игри ги претставуваат политиките на американскиот претседател како аркадни предизвици. Имиграцијата, здравата храна и детското штедење добија гејмерска верзија.

0

Белата куќа објави 5 видеоигри во стар ретро стил, на својот официјален сајт, меѓу кои две се посветени на миграцијата и на границата.

„Билд д вол“ потсетува на „Тетрис“. Играчот реди блокови за да изгради ѕид и да ја заштити границата од фигури што се приближуваат.






Уште подиректна е „Рио ран“. Фигура што наликува на американскиот претседател Доналд Трамп се движи како во класичната „Снејк“ и фаќа нелегални имигранти. Потоа тие се појавуваат во портокалови затворски униформи.

 

Белата куќа пушти уште 3 игри. Во „Саплај лајн“ се отстранува храна што не ги исполнува зададените стандарди.

„Флепи бил“ носи белоглав орел со повелба низ препреки над Вашингтон. Во „Трамп сејвингс тајкун“ играчите собираат пари за детските сметки што ги промовира администрацијата.

 

 

Поврзани содржини