ЛАЗАР РИСТОВСКИ СЕ ОЖЕНИ СО 39 ГОДИНИ ПОМЛАДАТА АНИЦА Тој ја бакна во чело, таа веднаш го додаде неговото презиме на Инстаграм

По тригодишна врска српскиот актер Лазар Ристовски (73) се ожени со 39 години помладата колешка Аница Лазиќ. Двојката објави фотографии од венчавката, а таа веднаш го додаде неговото презиме на Инстаграм.

2

Актерот Лазар Ристовски (73) и неговата 39 години помлада колешка Аница Лазиќ стапија во брак. Двојката на социјалните мрежи ја објави веста со фотографија од венчавката и кратката порака: „Тукушто венчани“.






На фотографијата двајцата се насмеани, додека Ристовски нежно ја бакнува Аница во челото. Објавата за кратко време доби голем број честитки од пријатели, колеги и следбеници. Српските медиуми објавија дека венчавката се одржала во Белград.

Посебно внимание привлече потегот на Аница по венчавката. Таа веднаш го промени името на својот профил на Инстаграм и на своето моминско презиме Лазиќ го додаде презимето на сопругот. Така, сега на нејзиниот профил стои Аница Лазиќ Ристовски.

Ристовски и Аница се во врска речиси три години, а нивната љубовна приказна од почетокот предизвикува големо внимание поради разликата во годините. Пред неколку месеци Аница дури изјавила дека не планира да се омажи, бидејќи не верува дека бракот мора да биде потврден со „хартија“. Во меѓувреме, очигледно го променила мислењето.

Аница претходно зборуваше и за притисокот со кој се соочила откако јавноста дознала за нивната врска. Таа раскажа дека добивала голем број навредливи пораки и дека во еден период побарала помош од психотерапевт.

– Доживеав интернет-насилство. Имав помош од психотерапевт, а Лазар ми беше голема поддршка – раскажа таа во едно телевизиско гостување.

Нивната врска започнала по разводот на Ристовски од актерката Даница Ристовски, со која бил во брак 42 години и со која имаат два сина. Ристовски во тоа време објасни дека во бракот се изгубила љубовта и животната енергија, а неговата врска со Аница набргу стана јавна.

И покрај големата разлика во годините и критиките со кои се соочуваа, Аница и Лазар во последните години отворено зборуваат за својата врска. Аница еднаш раскажа дека се запознале во Белград и дека уште при првата средба почувствувале силна блискост.

– Се сретнавме во Белград, се погледнавме неколку секунди, а потоа се прегрнавме. По таа прегратка седнавме и разговаравме со часови – раскажала таа.

 

Поврзани содржини