НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 9 ДО 16 АВГУСТ Овенот очекува судбоносна средба, Лавот „шпанска серија“ во љубовта,

Стрелецот зголемување на приходите, Ракови ќе бидат поиницијативни во љубовта.

0

Дознајте што предвидува вашиот неделен хороскоп, што ве очекува во следните седум дена на работа, во љубовта, во вашиот дом и семејство, дали ќе се сложувате со вашето семејство и пријатели, како ќе ви служи вашето здравје.

Овен (21.3 – 20.4)






Фото: Pixabay

Работа: Влегувањето на Меркур, кој управува со вашата комуникација и бизнис, во куќата на креативноста на 10 август ви носи зголемување на угледот и успех во јавната дејност, приватниот бизнис и спортот, особено во времето на затемнувањето на Сонцето на 12 август, кога до израз ќе дојдат вашите таленти кои можат да ви донесат награди и заработка, особено во времето на конјункцијата на Меркур и Јупитер на 15 август.

Љубов: Вашиот владетел Марс, планетата на акцијата и повредите, на 11 август влегува во куќата на приватноста и прави квадрат со Нептун, носејќи ви конфликти со членовите на семејството, од кои можете да очекувате секакви реакции. Затемнувањето на Сонцето во куќата на љубовта на 12 август на слободните Овни им носи судбоносна средба и проширување на семејството.

Здравје: Кардиоваскуларни тегоби.

Бик (21.4 – 21.5)

Фото: Pixabay

Работа: Марс, планетата на иницијативата, по две години, на 11 август влегува во куќата на комуникацијата и бизнисот, носејќи ви успех преку трговија и пократки патувања, потпишување договор за исплатлива работа или соработка со браќа, сестри или роднини. Член на семејството може да ве запознае со влијателна личност која ќе ви обезбеди поддршка и помош во рамките на некоја самостојна дејност.

Љубов: Влегувањето на Меркур, планетата на комуникацијата, во куќата на приватниот живот на 10 август ви носи конфликти во домот поради преголеми финансиски очекувања на член од семејството или поради неговата агресивност, што може да доведе и до насилство, особено врз жените. Овие ситуации можат да кулминираат во времето на затемнувањето на Сонцето на 12 август и на 15 август.

Здравје: Анксиозност.

Близнаци (22.5 – 21.6)

Фото: Pixabay

Работа: Со нагласена куќа на бизнисот, уште на почетокот на периодот ве очекува успех преку договор за исплатлива работа, кратко патување, стручно усовршување и контакти со влијателни личности, особено во времето на затемнувањето на Сонцето на 12 август, кое носи голема заработка, како и конјункцијата на Меркур и Јупитер на 15 август. Марс во куќата на парите, по 11 август, ви носи зголемување на приходите, но и поголеми трошоци.

Љубов: Вашиот владетел Меркур, планетата на комуникацијата и флертот, која управува и со вашиот приватен живот, уште на почетокот на периодот влегува во куќата на комуникацијата. Тоа на слободните Близнаци им навестува запознавање со младолика и атрактивна личност на кратко патување, предавање, преку социјалните мрежи или во кругот на роднините.

Здравје: Нервоза.

Рак (22.6 – 22.7)

Фото: Pixabay

Работа: Со нагласена куќа на парите, во која на 10 август влегува и Меркур, добивате можност за поголема заработка, соработка со влијателни личности и проширување на бизнисот, особено во времето на затемнувањето на Сонцето на 12 август. Конјункцијата на Меркур и Јупитер во куќата на работата на 15 август ви носи зголемување на приходите, соработка со влијателни, образовани и моќни личности, како и деловна експанзија.

Љубов: Марс, планетата на акцијата и страста, која управува со вашиот љубовен живот, по две години, на 11 август влегува во вашата куќа на личноста, носејќи ви прилив на енергија, елан, ентузијазам и борбеност. Поради тоа ќе го привлекувате вниманието на спротивниот пол, особено ако сте маж Рак, додека жените Ракови ќе бидат поиницијативни.

Здравје: Стомачни тегоби.

Лав (23.7 22.8)

Фото: Pixabay

Работа: Со мноштво планети во куќата на личноста, во која на 10 август влегува и планетата на комуникацијата, ќе се фокусирате на работата, кариерата и финансиите. Во времето на затемнувањето на вашиот владетел Сонцето во вашиот знак на 12 август, можете да се најдете пред важна животна одлука. Спојот на Меркур и Јупитер во вашиот знак на 15 август ви носи успех во приватниот бизнис, исплатлив договор или соработка со странци.

Љубов: Меркур, владетелот на општествениот живот, на почетокот на периодот влегува во вашата куќа на личноста, носејќи им на слободните Лавови нова романса, а на зафатените љубовна „шпанска серија“, раскинување или развод. Марс, владетелот на вашата приватност, на 11 август влегува во куќата на пречките и предупредува на расправии и конфликти со членовите на семејството.

Здравје: Потреба за преиспитување.

Девица (23.8 – 22,9)

Фото: Pixabay

Работа: Вашиот владетел Меркур, кој управува и со вашата кариера, на 10 август влегува во куќата на потсвеста, носејќи успех во областите поврзани со психологијата, медицината и фармацијата, особено во времето на конјункцијата со Јупитер на 15 август. Во средината на периодот ќе се фокусирате на општествениот ангажман или на некои нови идеи, а во времето на затемнувањето на Сонцето на 12 август можни се финансиски проблеми.

Љубов: Влегувањето на Марс, планетата на страста, во куќата на општествениот живот, по две години, на 11 август на слободните Девици им носи нови средби и познанства со интересни личности. Црната Месечина Лилит во куќата на приватниот живот предупредува на недоразбирања, конфликти, расправии, караници и судири со членовите на семејството.

Здравје: Несоница.

Вага (23.9 – 22.10)

Фото: Pixabay

Работа: Влегувањето на Меркур во 11. куќа на 9 август ви носи успех во приватниот бизнис и преку неконвенционални начини на заработка. Планетата на конфликтите во куќата на кариерата, од 11 август, носи проблеми на работното место и расправии со претпоставените. Во времето на затемнувањето на Сонцето на 12 август, до израз ќе дојдат вашата иницијативност, креативност и уметнички таленти. Финансиски и деловен успех ве очекува на 15 август.

Љубов: Со нагласена куќа на општествениот живот, уште на почетокот на периодот ве очекуваат повеќе излегувања, дружења со пријателите и нови средби и познанства. Марс, кој управува со партнерските односи и бракот, на 11 август прави напнат аспект со Сатурн, планетата на пречките, носејќи ви проблеми со саканата личност.

Здравје: Опасност во сообраќајот.

Шкорпија (23.10 – 22.11)

Фото: Pixabay

Работа: Аспектите на планетата на комуникацијата од 10 август ви носат расправии на работното место и застој во кариерата, кои можат да кулминираат кон крајот на периодот. Влегувањето на вашиот владетел Марс, планетата на акцијата, во Рак на 11 август ви носи успех во решавањето правни прашања и во високото образование. Во времето на затемнувањето на Сонцето во десеттата куќа на 12 август, можете да се најдете пред одлука за промена на работата или кариерата.

Љубов: Јупитер, кој управува и со вашиот емотивен живот, на 15 август се спојува со Меркур, планетата на комуникацијата и флертот, носејќи ви запознавање или средба со зафатена личност. Северниот Месечев јазол прави тригон со Белата Месечина Селена во куќата на комуникацијата, навестувајќи подобри односи со браќата и сестрите.

Здравје: Кардиоваскуларни проблеми.

Стрелец (23.11 – 21.12)

Фото: Pixabay

Работа: На 10 август, кон планетите во деветтата куќа, каде што се наоѓа и вашиот владетел Јупитер, се придружува и Меркур, кој управува со вашата кариера. Тоа ви носи успех во високото образование, правните прашања и на подолги патувања, особено во времето на затемнувањето на Сонцето на 12 август и на 15 август, кога е можна заработка. Со Марс во вашата куќа на парите од 11 август, ќе завршите важни финансиски прашања, поврзани со наследство или кредит.

Љубов: Меркур, кој управува со вашите партнерски односи, на 15 август прави конјункција со Јупитер, планетата на благосостојбата и ширењето, а заедно прават тригон со ретроградниот Сатурн во куќата на љубовта, каде што се наоѓа и планетата на романтиката. Тоа на слободните Стрелци им носи нова врска и проширување на семејството. Можно е и повторно да се сретнете со поранешниот партнер.

Здравје: Подложност на повреди.

Јарец (22.12 – 20.1)

Фото: Pixabay

Работа: Транзитот на Северниот Месечев јазол, по 18 и пол години, преку полето на работата, каде се наоѓа и ретроградниот Плутон, како и нагласеното поле на парите, ве насочува кон решавање финансиски прашања, поделба на имот и алиментација. Венера, која управува со вашата кариера, по десет месеци, на 6 август влегува во полето на кариерата, носејќи конфликти со жени и проблеми со финансиите.

Љубов: Марс, планетата на акцијата, страста, но и конфликтите, по две години, на 11 август влегува во куќата на бракот и партнерството и прави напнат аспект со ретроградниот Сатурн во куќата на приватниот живот. Тоа носи расправии со саканата личност и членовите на семејството, како и повторно соочување со стари, нерешени проблеми во домот.

Здравје: Потреба за интроспекција.

Водолија (21.1 – 19.2)

Работа: Марс, владетелот на вашата кариера, на 11 август влегува во куќата на работата, фокусирајќи ве на работните обврски и задачите. Во времето на затемнувањето на Сонцето на 12 август започнува подобар период во кариерата, кој ви носи зголемување на општествениот углед, професионални признанија и зголемување на приходите. Тоа особено ќе дојде до израз со конјункцијата на Меркур и Јупитер во куќата на јавноста и популарноста на 15 август.

Љубов: Меркур на 10 август влегува во седмата куќа, носејќи ви проблеми во комуникацијата со саканата личност. Затемнувањето на Сонцето, владетелот на партнерските односи, на 12 август на слободните Водолии им носи можност за започнување убава романса, која на 15 август може да донесе и планови за заеднички живот или стапување во брак.

Здравје: Промена на здравствените навики.

Риби (20.2 – 20.3)

Фото: Pixabay

Работа: Марс, владетелот на вашите финансии, на 11 август влегува во куќата на креативноста, носејќи ви успех преку приватниот бизнис, јавната дејност, уметноста или спортот. Во времето на затемнувањето на Сонцето во куќата на работата на 12 август, донесувате важна одлука за кариерата или промената на работното место. Спојот на вашиот владетел Јупитер и Меркур, владетелот на кариерата, на 15 август ви носи деловен и финансиски успех.

Љубов: Меркур, кој управува со вашите партнерски односи, уште на почетокот на периодот влегува во Лав, знакот на љубовта, носејќи им на слободните Риби можност за средба со некого кого ќе го запознаат преку работата. Влегувањето на Марс во вашата куќа на емотивниот живот, по две години, на 11 август носи започнување романса и проширување на семејството.

Здравје: Рекреирајте се.

Поврзани содржини