НОВ ОБИД ЗА ВЛЕЗ ВО СЕУТА Мароканските сили спречија стотици мигранти

Мигрантите биле забележани во планинска област во близина на Кастиљехос, а мароканските сили го засилиле надзорот и на копно и на море.

0

Мароканските безбедносни сили денеска спречија неколку стотици мигранти да се обидат нелегално да ја преминат границата кон шпанската енклава Сеута, јавија шпанските медиуми.

Според марокански безбедносни извори, мигрантите се собрале во планинска област во близина на пограничниот град Кастиљехос, југозападно од Сеута. Безбедносните сили интервенирале и ги растерале од подрачјето.






Благодарение на интервенцијата, ситуацијата на границата меѓу Мароко и Сеута останала мирна. Сепак, подрачјето е ставено во состојба на зголемена готовност, со засилено присуство на безбедносните сили.

Контролните пунктови останале распоредени на главните пристапни патишта кон Кастиљехос, особено на патиштата што водат од Тетуан и Тангер.

Надзорот бил засилен уште во раните утрински часови, и на копно и на море. Во операцијата биле вклучени брзи чамци и беспилотни летала на Кралската мароканска морнарица.

Засега нема информации за повредени лица или за тоа дали некој од мигрантите успеал да стигне до границата.

Поврзани содржини