НОРМАЛИЗИРАН АВИОСООБРАЌАЈОТ ВО САД Старата технологија била причина за застојот

Министерот за внатрешна безбедност, Марквејн Мулин, изјави дека затворањето на воздушниот простор било неопходна безбедносна мерка. Според него, нема индиции дека прекинот бил предизвикан од кибернапад, иако таа можност засега не е исклучена.

0

Федералната управа за воздухопловство на САД (ФАА) ја укина четиричасовната забрана за летови воведена поради проблеми со комуникациските системи за контрола на воздушниот сообраќај, но се очекува нарушувањата во авиосообраќајот да продолжат.

Илјадници летови беа откажани, а десетици илјади патници останаа блокирани на американските аеродроми. ФАА соопшти дека по темелното тестирање на системите е дозволено продолжување на дел од летовите.






Министерот за транспорт, Шон Дафи, изјави дека за целосно нормализирање на состојбата ќе биде потребно време поради недостигот од авиони и екипажи.

Тој рече дека дефектот во опремата за контрола на воздушниот сообраќај во САД е предизвикан од застарена технологија и дека Конгресот на САД мора да издвои 50 милијарди долари за да ја замени.

– Нашите рутери беа преоптоварени со податоци и почнаа да ни покажуваат недоследности во податоците, затоа го исклучивме системот – рече тој.

Министерот за внатрешна безбедност, Марквејн Мулин, изјави дека затворањето на воздушниот простор било неопходна безбедносна мерка. Според него, нема индиции дека прекинот бил предизвикан од кибернапад, иако таа можност засега не е исклучена.

ФАА во историјата само двапати го затворила воздушниот простор на САД – по терористичките напади на 11 септември 2001 година и во февруари 2023 година, поради дефект на системот за известување на пилотите.

СЕ ПРИЗЕМЈУВААТ СИТЕ АВИОНИ ВО САД ПОРАДИ БЕЗБЕДНОСНИ ПРИЧИНИ Авиосообраќајот во прекин, нема нови полетувања

 

Поврзани содржини