Сторми Даниелс, порно-ѕвезда тврди дека во 2006 година имала афера со поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Притоа изјавила дека тоа биле најлошите 90 секунди во нејзиниот живот.
Мајкл Коен, адвокат и соработник на Трамп, бил човекот кој договорил Сторми и Доналд да се сретнат.
Во подкастот Mea Culpa, Даниелс тврди дека Трамп, кој бил речиси сосема гол, уште на првиот состанок, ја чекал седејќи на работ на хотелскиот кревет. Таа откри и дека состанокот бил договорен на добротворен голф натпревар.
„Едноставно се смрзнав и не знаев што да кажам. Тој ја соблече долната облека и се смести на работ од креветот. Стана и рече: „Ова е твојата шанса. Треба да ми покажеш колку го сакаш ова или едноставно сакаш да се вратиш на животот во камп-приколка?““, се присетила Даниелс и тврди дека тогаш имала сексуален однос со Трамп.
„Тоа беа најлошите 90 секунди во мојот живот“, додала таа.
Сторми понатаму објасни дека сè било согласно и дека немало никакво вознемирување или злоупотреба.
Поранешниот американски претседател ја запознал Даниелс на натпревар за голф неколку години откако се ожени со Меланија, која му е трета сопруга.
Порно-ѕвездата вели дека средбата со Трамп била целосно спогодбена и додава дека аферата се случила една година откако Трамп се оженил со Меланија.
Поранешниот претседател ги отфрли сите тврдења околу аферата со Даниелс.
Порно-актерката зборувала за деталите за она што тврди дека се случило меѓу неа и Доналд додека разговарала со поранешниот адвокат на Трамп Мајкл Коен за неговиот нов подкаст. Мајкл ѝ платил на Даниелс 130.000 долари во 2016 година, а таа се обврзала дека ќе молчи за аферата.
Коен помина извесно време во затвор, а сега ѝ се извинил на Даниелс што ѝ нанел „непотребна болка“ со договорањето на исплатата.