САМ ОДЛУЧИВ, ВЕЛИ МОМЧЕТО УБИЕЦ ОД РИБНИКАР Коста К. вели дека никој не му влијаел да го изврши масакрот
На повтореното судење за трагедијата што ја потресе Србија, беа изнесени нови детали за тоа како момчето-убиец дошло до оружјето и како го подготвувало злосторството. Коста Кецмановиќ вели дека неговите родители, ниту кој било друг, влијел на неговата одлука да го изврши масакрот.
„Не држам злоба кон никого. Никој не влијаеше врз мене. Сам одлучив да го извршам злосторството“.
Вака изјавил во сведочење за судењето на неговите родители Коста Кецмановиќ, кој пред 3 години го изрши едно од најтешките злосторства во поновата историја на Србија.
За време на завршните зборови пред Вишиот суд во Белград беа откриени нови детали од истрагата и сведочењата.
Го пронашол куферот и ја пробил шифрата
Според изнесените информации, оружјето било чувано во специјален куфер со катанец и шифра.
Момчето признало дека до него дошло со „големи тешкотии“.
Успеало да го пронајде куферот, да ја открие шифрата и да го отвори катанецот. Откако ги зело пиштолите, сè било вратено на своето место за никој да не забележи дека оружјето било поместувано.
Два дена пред масакрот, додека родителите биле на работа, дефинитивно ги зел пиштолите и ги сокрил.
Учил да пука на стрелиште
Во постапката повторно било отворено и прашањето за неговата обука со огнено оружје.
Видео-снимките анализирани во судот покажале дека на стрелиште добивал инструкции како да ракува со пиштол.
Според наводите изнесени на судењето, токму таму за првпат пукал со вистинско огнено оружје.
Истражувал тероризам и криел траги
Истрагата покажала дека пред злосторството пребарувал содржини поврзани со тероризам и користел техники за прикривање на активностите на интернет.
Според обвинението, тоа укажува дека нападот бил подготвуван подолг период.
На повтореното судење им се суди на родителите на Коста К., Владимир и на Миљана Кецмановиќ, откако Апелациониот суд ја укина првостепената пресуда и предметот го врати на повторно одлучување.
Масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград на 3 мај 2023 година ја потресе цела Србија. Тогаш 13-годишното момче уби 9 ученици и чуварот на училиштето, а рани уште неколку лица, меѓу кои и наставничка.