🎥 ДЕЈВИД БЕКАМ ДРЖИ ГОВОР, ТОМ КРУЗ ФЛЕРТУВА СО ЖЕНА МУ Сите го коментираат погледот што му го упати Викторија на актерот

Додека некои сметаат дека ова е само гест на поддршка од страна на добар пријател, некои го протолкуваа целиот момент како флерт меѓу Том и Викторија. Што мислите вие, за што станува збор?

0

Минатата недела, Дејвид Бекам доби своја ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд, а меѓу присутните на церемонијата имаше многу славни личности кои се блиски пријатели со Бекамови. Меѓу нив, и нивниот близок пријател, холивудската ѕвезда Том Круз кој седеше до Викторија.

Меѓутоа, деновиве на социјалните мрежи се појави видео кое за многумина кои го коментираат е очигледен доказ за флертот помеѓу актерот и Викторија.






Имено, на видеото кое има над 16 милиони прегледи, се гледа како додека Дејвид го држи својот говор, Том нежно ја допира за рамото, а таа му се насмевнува и му ја фаќа дланката. Потоа Том ѝја бакнува, а Викторија му упатува поглед за кој многумина коментираа дека на секој маж му е јасно што значи.

Во описот на една од објавите на видеото кое вирално се споделува на Твитер, пишува:

– Секој маж го знае погледот што Викторија Бекам му го упати на Том Круз.

Во коментари на објавата, некои пишуваат дека се уверени дека меѓу Том и Викторија има нешто – ако не сега, тогаш во минатото.

– Ако Дејвид така фати некоја жена за рака, ќе треба да спие надвор; Зошто би ја фатил за рака и би ја бакнал така? Јас не го правам ова со моите пријателки; Не знам што се случува, но не ми изгледа во ред; Ова не е поглед, ова е цела порака.

Некои коментираат и дека за миг се гледа изразот на синот на Бекамови кој седи до Том и наводно не делува среќно за флертот.

Сепак, други инсистираат дека Том е само многу добар пријател на Бекамови и дека сите гласини за флерт се бесмислени.

– Престанете. Том држеше говор на церемонијата на Дејвид. Бекамови го крстија син им Круз во чест на нивното пријателство со Том; Зошто сите зборуваат за ова? Зарем не се блиски семејни пријатели?

Бекамови и Том Круз навистина се пријатели со децении, а почнале да се дружат во средината на 2000-тите, кога Дејвид и Викторија се преселија во Лос Анџелес.

Извор близок до Том, пак, вели дека тој сега се надевал дека Дејвид и Викторија ќе му помогнат да најде нова љубов.

– Периодов Том минува повеќе време во Америка, но ја сака Англија. Вљубен е во секој детаљ од нивната култура, па сака да си најде англиска дама.

Изворот додава дека актерот бил подготвен за љубов по раскинувањето со Ана де Армас и иако имал неколку кратки врски, сепак не ја нашол вистинската и сега се потпира на Дејвид да му најде нова љубов, а и Викторија помага.

Според изворот, Том имал и „строги критериуми“: Идеалната девојка треба да потекнува од добро семејство и да биде во доцните 20-ти или раните 30-ти години.

На Том му е важна и поврзаноста со кралското семејство бидејќи сега е посветен на зацврстување на пријателството со принцот Вилијам и принцезата Кејт“.

И во минатото имало ситуации кога Дејвид му помагал на Том да најде љубов, па наводно актерот бил пресреќен што повторно се во иста положба.

– Том е пресреќен што уште го има истиот пријател, а подготвен е и да инвестира во некои од неговите бизниси. Но, главниот приоритет е да ја најдат вистинската за него.

Поврзани содржини