📽️ НЕВРЕМЕ ВО СРПСКАТА ПРЕСТОЛНИНА Колони и заглавени возила во ноќните часови

Силното невреме што вечерва го погоди Белград предизвика хаос во сообраќајот и поплави на повеќе улици. Најтешка е состојбата кај Автокоманда, каде возилата едвај се движат низ надојдената вода.

32

Силна бура проследена со пороен дожд вечерта на 14 јуни го погоди Белград, а најкритична е состојбата кај белградската населба Автокоманда, каде кружниот тек речиси целосно заврши под вода.

Фото: Принтскрин





На снимките објавени на социјалните мрежи се гледаат автомобили заглавени во вода, додека сообраќајот се одвива отежнато поради големите количини дожд што за кратко време наврнаа врз српската престолнина.

Проблеми се регистрирани и во централното градско подрачје, особено на Булеварот Деспота Стефана, каде дополнителни тешкотии создава и тековната реконструкција на сообраќајницата.

Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија претходно издаде предупредување за силно невреме, а српското Министерство за внатрешни работи испрати СМС-пораки до граѓаните со апел навреме да се заштитат од временската непогода.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MOJ BEOGRAD (@moj_beo_grad_)

Поврзани содржини