РУСИЈА ЈА НАПАДНА УКРАИНА Руските сили гранатираат градови (ВИДЕО)

На офанзивата на руските војници преку државната граница и претходи артилериски оган, а потоа е регистрирано и движење на воена техника

1,144

Русија почна да навлегува на украинска територија од полусотровот Крим. Украинската амбасада во земјава sоопшти дека утринава околу 5 часотe извршен нападот со  тешка артилерија.

Во моментов преку административната граница се евидентира движење на воена опрема од полуостровот.






-Во областите Луганската, Сумската, Харковската, Чернигивската и Житомирската област, нападите врз граничните единици, граничните патроли и контролните пунктови се вршат со употреба на артилерија, тешка техника и огнено оружје – велат од Амбасадата.

На офанзивата на руските војници преку државната граница и претходи артилериски оган, а потоа е регистрирано и движење на воена техника.

Руската воена техника, вклучително и оклопни возила, ја наруши државната граница во Чернигивската, Сумската, Луганската и Харковската област.

Повеќето гранични единици и гранични патроли на Луганската, Сумската, Харковската, Чернигивската и Житомирската област беа под оган.

Според достапните информации, меѓу граничарите се повредени голем број војници.

Војниците на Државната гранична служба на Украина заедно со вооружените сили ги преземаат сите мерки за запирање на непријателот.

На твитер се појавија и видеа од нападот.

Дописникот на Би-Би-Си во Киев штотуку објави дека слушнал пет до шест „далечни експлозии“ во Киев, и вели дека има извештаи за експлозии на други места во земјата.

Локалните медиуми јавуваат дека пукотници се слушнале во близина на главниот аеродром Бориспил во Киев.

Експлозии можат да се слушнат за време на јавувањето во живо на репортерот на Си-Ен-Ен од Киев.

Според Ројтерс, експлозија се слушнала и во Русија, во близина на украинската граница.

Поврзани содржини