ФИНСКА ПОД ФРАНЦУСКИОТ НУКЛЕАРЕН ЧАДОР, МОСКВА БЕСНА „Сфатете нè многу сериозно!“

Финска станува 10. европски партнер во иницијативата на Макрон, а Захарова вели дека приближувањето на францускиот нуклеарен систем кон Русија создава безбедносен ризик.

3

Финска се приклучува кон француската иницијатива за проширено нуклеарно одвраќање, а Москва веднаш испрати остро предупредување. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова побара Западот „многу сериозно“ да ги сфати руските пораки.

Одлуката е особено чувствителна за Москва бидејќи Финска дели долга граница со Русија. Со приклучувањето, таа станува 10. европски партнер во иницијативата што францускиот претседател Емануел Макрон ја започна на почетокот на годинава.






– Ние ја нарекуваме оваа француска иницијатива, благо кажано и со многу дипломатија, неодговорна. Секако, таа создава ризици за нас – изјави Захарова.

Според неа, евентуалното приближување на елементи од францускиот нуклеарен систем кон руските граници би имало и спротивен ефект од посакуваниот – би ѝ олеснило на руската војска да ги погоди во случај на конфликт.

Захарова истовремено го отфрли она што Москва го нарекува „мит за руската закана“ и побара од западните земји трезвено да ја проценат безбедносната ситуација.

– Трезвено гледајте го светот и многу сериозно сфатете ги нашите предупредувања – порача Захарова.

Франција и Финска во заедничка изјава најавија дека во наредните месеци ќе формираат управувачка група која треба да почне со спроведување на соработката.

Француската иницијатива предвидува заинтересираните европски држави да се вклучуваат преку стратешки консултации и заеднички вежби. Естонија веќе соопшти дека разговара со Париз за можно приклучување.

„Нуклеарниот чадор“, сепак, не значи дека Хелсинки ќе добие контрола врз француското нуклеарно оружје. Другите партнери нема да учествуваат во конечната одлука за негова употреба.

Франција и Обединетото Кралство се европските држави со сопствен нуклеарен арсенал, а конечната одлука за евентуална употреба на француското нуклеарно оружје останува во рацете на Франција.

Поврзани содржини