Роналдо се врати во Торино
- Кристијано учествуваше во денешниот тренинг со екипата“, се наведува на официјалната интернет страница на Јувентус.
Португалскиот фудбалски ас Роналдо се врати во Торино и се приклучи на денешниот тренинг на екипата на Јувентус по денот минат во неговата родна земја поради мозочниот удар на неговата мајка.
– Кристијано учествуваше во денешниот тренинг со екипата“, се наведува на официјалната интернет страница на Јувентус.
Роналдо соопшти дека мајка му е во стабилна состојба по хируршката интервенција и добро се рехабилитира во болнички услови. На болницата, во која таа се лекуваше и од рак на дојка во изминатите години, ѕвездата на Јувентус донира 100.000 долари.