И „ОБИЧЕН ЧОВЕК“ ЌЕ МОЖЕ ДА ГЛЕДА ТЕНИС ВО ЖИВО! Зоран Мамдани обезбеди 1.000 влезници за УС-Опен по цена од 100 долари

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба в среда во 10:00 часот по локално време по принципот „прв дојден, прв услужен“, а право на купување имаат само жители на Њујорк, и тоа најмногу два билети.

0

Градоначалникот на Њујорк Зохран Мамдани и Тениската асоцијација на САД (USTA) ставија на располагање 1.000 билети за Отвореното првенство на САД за 100 долари исклучиво за жителите на Њујорк, во обид да го направат еден од најголемите тениски турнири во светот подостапен за локалните жители.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба в среда во 10:00 часот по локално време по принципот „прв дојден, прв услужен“, при што секој жител на градот е ограничен на два. Правото на учество ќе зависи од поштенските кодови во петте општини на Њујорк.






Понудата ги опфаќа натпреварите од главната жрепка од 30 август до 8 септември, кога започнуваат четвртфиналните натпревари во поединечна конкуренција.

Влезниците што се нудат ќе вклучуваат места на двата најголеми терени, стадионот „Артур Еш“ и стадионот „Луис Армстронг“, како и билети што овозможуваат пристап до други терени во Националниот тениски центар „Били Џин Кинг“.

Овој потег на Мамдани доаѓа во услови на растечко незадоволство на јавноста поради високите цени на билетите за Отвореното првенство на САД оваа година.

Според Ројтерс, стандардните билети за првиот ден од натпреварувањето на стадионот „Артур Еш“ почнуваат од околу 344 долари, додека некои седишта покрај теренот чинат повеќе од 1.000 долари. Цените одат нагоре за секој од натпреварите колку се приближува финалето. Просечната цена за билет за женското или машкото финале е околу 534 долари, но таа е само просечна, во зависност од местата за седење, таа може да оди и до неколку илјади долари. Во најекстремните случаи, за машкото финале на турнирот, цените одат и над 20.000 долари.

Дури и билетите за пристап до комплексот, кои номинално се со цена од 65 долари, достигнуваат многу пати поголема цена на пазарот за препродажба.

Извршниот директор на USTA, Крег Тајли, рече дека организацијата сака да им овозможи на што е можно повеќе луѓе да го доживеат тенисот и Отвореното првенство на САД.

– Ако најдобрите тенисери во светот доаѓаат во нашиот град, жителите на Њујорк треба да имаат можност да ги гледаат – рече Мамдани.

 

Поврзани содржини