ПРЕМИЕРОТ НА СЛОВАЧКА ГО ЗАВРЗА ЌЕСЕТО Фицо не дава ни цент за воена помош за Украина
Обраќајќи им се на амбасадорите на земјите од ЕУ во Словачка, Фицо рече дека го поддржува одржувањето на уште една средба меѓу Словачка и Украина, фокусирана на заемно корисни проекти.
Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска изјави дека земјата нема да учествува во ниту една воена мисија во Украина, ниту ќе потроши цент за воена помош за Киев.
Обраќајќи им се на амбасадорите на земјите од ЕУ во Словачка, Фицо рече дека го поддржува одржувањето на уште една средба меѓу Словачка и Украина, фокусирана на заемно корисни проекти.
– Република Словачка нема да учествува во ниту една воена мисија во Украина и нема да потроши ниту цент за воена помош за Украина – рече Фицо.
Премиерот ја коментираше и важноста од обновување на испораките на руски гас во Европа преку Украина, тврдејќи дека Европа не може да остане конкурентна без него.
Во врска со тензиите меѓу Унгарија и ЕУ поради несогласувањата околу политиката кон Русија и поддршката за Украина, Фицо рече дека „Словачка никогаш нема да ги поддржи санкциите на ЕУ против Унгарија поради нејзините суверени позиции“.