ДА ИМ СЕ ЗАБРАНИ ПРИСТАП ДО СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ НА ДЕЦАТА ПОД 13 ГОДИНИ Предлог закон од Европската комисија
Според предлогот на Законот за деца на ЕУ, минималната возраст за отворање независна сметка би била 15 години, додека родителски надзор би бил потребен за деца на возраст од 13 до 15 години.
Европската комисија (ЕК) предложи забрана за пристап до социјалните мрежи за деца под 13 години и задолжителен родителски надзор за корисници на возраст од 13 до 15 години, како дел од новите правила за зајакнување на безбедноста на децата на интернет.
Според предлогот на Законот за деца на ЕУ, минималната возраст за отворање независна сметка би била 15 години, додека родителски надзор би бил потребен за деца на возраст од 13 до 15 години.
Новите правила би важеле за социјалните мрежи, платформите за споделување видеа, онлајн видео игрите, асистентите за вештачка интелигенција и чет-ботовите кои нудат услуги на корисници под 18 години.
Предлогот забранува функции што предизвикуваат зависност, препораки базирани на профилирање што би можеле да ги насочат малолетниците кон штетна содржина и бесконечно скролување без точки на прекин. Профилите на малолетниците треба автоматски да се направат приватни, додека функциите за геолокација, камера и микрофон би биле оневозможени.
Според предлогот, онлајн услугите ќе мора да понудат едноставни алатки за блокирање и исклучување на други корисници, управување со времето поминато на платформата и безбедни системи за упатување што малолетниците можат да ги контролираат, менуваат и ресетираат.