ПОСЛУШНИК НА ПАЛЧО ГИ УНИШТИЛ ПИШТОЛОТ И МОТОРОЛИТЕ Манев откри дека Палевски ја сликал Вања со вперен пиштол

Обвинетиот Манев рече дека досега не го спомнал овој момент за да го заштити човекот кому му било наредено да го уништи пакетот, бидејќи тој, како што рече, воопшто не учествувал во дејствијата поврзани со двете убиства.

4,082

Љупчо Палевски ја одлепил сивата трака од устата на Вања Ѓорчевска, ја сликал со вперен пиштол, а откако ја убил во сино ранче го спакувал пиштолот заедно со три мотороли и наредел на свој послушик да го уништи пакетот, тврди второобвинетиот Велибор Манев на денешното рочиште за убиствата на Вања и Панче Жежовски што се случија во ноември 2023 година.

Манев рече дека досега не го спомнал овој момент за да го заштити човекот кому му било наредено да го уништи пакетот, бидејќи тој, како што рече, воопшто не учествувал во дејствијата на двете убиства.






– Палевски ја одлепи лентата од устата на Вања за да ја слика. Ја сликаше со пиштолот вперен во Вања, за родителите што побрзо да дадат пари – рече Манев.

ПАЛЧО ЈА ЧИСТЕЛ ЛОПАТАТА СО WD-40 ЗА ДА ИЗБРИШЕ ДНК ТРАГИ „Откако ја закопавме Вања, Палевски ладнокрвно запали цигара и отвори да види што има на интернет“, вели Манев

– Рековте дека сте барале 38-40 годишна жена, а тоа не го споменувате во исказите од 03 и од 6.12.2023 година. Три пати сте напоменале дека Вања е грешка, па дали полицаец или обвинител ве праша, ако Вања е грешка кого требаше да грабнете? Во прашање беше 40-годишна жена, ќерка од прв брак на некој фармацевт. Од каде знаете колку брака има фармацевтот? – праша Палевски.

– Па ти така рече – му одговори Манев.

– Дали некој полицаец или обвинител ве праша, ако Вања е грешка, кого требаше да грабнете? Бидејќи во изјавите пред ОЈО не споменувате 38, 40-годишна жена – праша Палевски.

– Не се сеќавам, многу ме прашуваа – рече Манев.

– Кажавте дека полицијата ве принудила да кажете за Александар. Каде го кажавте тоа, во полиција или во притвор? – праша Палевски.

– Одговорив веќе дека тоа беше на распитот во полиција каде со тепање ме натераа да кажам дека Палевски и Александар зборувале на телефон – рече Манев.

– Колку ве тепаа? – праша Палевски.

– Првите 5 до 10 дена беше страшно, размислував да се самоубијам, после се проретчи. Сега е нормално, колку што може да е нормално – рече Манев.

– Во исказот на 3.12.2023 година сте кажале дека Палевски ги познава родителите. Тоа сте го кажале вечерта, кога Александар е веќе уапсен. Дали се сеќавате кога, во колку часот, и кому му ја кажавте лагата за мене и за Александар? – праша Палевски.

– Испитувањето што го применија во полиција траеше 7 часа. Крајниот исказ, кога ме натераа да кажам дека Александар и Палевски се во контакт беше при крајот на распитот. Распитот беше од 8 до 15 часот – рече Манев.

Тој рече дека не бил прашан во Обвинителство дали Боре Видевски поседува пиштол. Но, на минатото рочиште го спомнал тој факт како одговор на прашање од неговиот адвокат.

Палевски потсети дека пиштолот „зброевка“ на Видевски не е пронајден, а Манев рече дека самиот Видевски ќе сведочи за то што се случило со неговото оружје.

– Познато ми е дека го нема пиштолот, затоа што ОЈО му даде доказ за тоа. Но, доколку дојде моментот тој да одговара, тој ќе треба да каже кому му го дал пиштолот и трите мотороли во плаво ранче – рече Манев на што Палевски го праша како сега се сетил на сето тоа.

– Затоа што личноста која го има изнесено ранчето од канцеларија, да не речам и тој е негов послушник, што без збор ги има земено и ги има однесено. Доколку го погледнете мојот телефон, на Телеграм, во периодот кога ми се јавува од Турција, од негов број, од бројот на Стефан, има запис на Телеграм во колку часот ми се јавил. Тогаш ми наредува да пренесам тоа што е земено од канцеларија, пакетот што е земен да биде отстранет и уништен, да не се најде. Нека каже Палевски, кога ќе дојде моментот, кој човек требаше тоа да го направи – рече Манев.

– Од каде ги знаете овие детали, кои сега за првпат ги споменувате и зошто чекавте година и три месеци за да ги соопштите овие непознати работи во овој настан? – праша Палевски.

– Човекот е фамилијарен и работи и не сакав да ја поминува оваа иста моја затворска голгота, само поради тоа. Но, по вакви прашања, чија цел не ја знам, решив да го кажам и тоа – рече Манев.

– Од каде вие ги знаете сите овие детали и како ги дознавте? – праша Палевски.

СОУЧЕСНИЦИТЕ НА ПАЛЕВСКИ БИЛЕ ДЕЗОРИЕНТИРАНИ ЗА ТОЧНОТО ВРЕМЕ „Јас бев наведнат да му ги одврзам рацете, а ти му пукаше во слепоочница“, му рече Манев на Палчо

– Кога ми се јави вечерта дека заминува за Трција, по тоа известување ми се јави повторно и ми нареди јави се на човекот да го отстрани пакетот што го зеде од канцеларија. Оттаму ги знам тие информации – рече Манев.

– Дали се работи за пакет или за плаво ранче? Се работи за ранче, но беше именувано како пакет за да не се именува пиштол, моторола – рече Манев.

– Зошто претходно не го кажавте ова? – праша Палевски.

– Одговорив. За да не настрада тој човек кој воопшто не учествуваше во дејствијата на двете убиства. Од жал кон човекот, за да не лежи по затвори и да ја поминува истата голгота – нагласи Манев.

Манев додаде дека е свесен дека направил голема грешка со тоа што го посочил Александар, под присила од ќотек, одговарајќи на прашање од адвокатот на Палевски, Јовица Страшевски.

Страшевски му посочи дека со лажниот исказ Манев ја загрозил истрагата.

„ПРАШАЈТЕ ГО ПАЛЕВСКИ ЗОШТО ЈА УБИ ВАЊА“ Манев вели дека само Палевски го знаел планот за откуп

– Значи вие посочивте лице кое не е виновно, а криевте друго лице, за кое велиtе дека ви било жал да ја поминува истата голгота? – рече Страшевски.

– Си нанесов душевна болка со тоа што го посочив Александар. Не ја попречува истрагата и не ѝ наштетив на истрагата. Многу жалам за тој исказ за Александар, кој беше изуден со ќотек – рече Манев.

– Може ли да го кажете името на човекот кој го штитите? – побара Страшевски.

– Тоа ќе го каже Палевски – одговори Манев.

– Па вие го спомнавте, може да го кажете – рече Страшевски.

– Немам коментар – додаде Манев.

Иако бил тепан и рекол некои работи што не биле точни, Манев никогаш не рекол дека тој ги извршил убиствата.

АДВОКАТОТ МАРЈАН ВИТАНОВСКИ СЕ ОТКАЖА ОД ОДБРАНАТА НА ПАЛЕВСКИ Страшевски ќе продолжи да го застапува Палчо

Поврзани содржини