ПЈОНГЈАНГ СЕ ЗАКАНИ СО ОДМАЗДА ВРЗ СЕУЛ Јонг Ун е бесен што прелетаа американски бомбардери

САД и Јужна Кореја редовно спроведуваат заеднички воени маневри кои ги опишуваат како одбранбени, додека Пјонгјанг овие активности ги смета за „подготовка за инвазија“.

797

Северна Кореја денеска се закани со неодредени мерки за одмазда, откако во вторникот, 15 април, американски бомбардери Б-1Б прелетаа над Јужна Кореја за време на заедничка воена вежба со јужнокорејските сили.

Јужнокорејското Министерство за одбрана соопшти дека вежбата има за цел да ги демонстрира заедничките способности за одвраќање во момент кога се унапредува нуклеарната програма на Северна Кореја, пренесоа агенциите.






САД и Јужна Кореја редовно спроведуваат заеднички воени маневри кои ги опишуваат како одбранбени, додека Пјонгјанг овие активности ги смета за „подготовка за инвазија“.

Поврзани содржини