ОТВОРЕН СКИЈАЧКИОТ ЦЕНТАР МИХАЈЛОВО „Нека биде ова само убав почеток на развојот на регионот“

Ова е исклучително голема можност за кавадарчани, но, не и само за кавадарчани. Од сите краеви на државата ќе дојдаѓаат да уживаат во овие прекрасни природни убавини и да се рекреираат, рече премиерот Христијан Мицкоски на отварањето на новиот скијачки центар „Михајлово“.

3,990

Првиот ден во Новата година сме овде во Кавадарци. Му честитам на градоначалникот за овој навистина прекрасен објект, а дозволете ми да се заблагодарам и на сите општествено одговорни компании што учествуваа во изградбата на оваа ски-патека, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски на отварањето на новиот скијачки центар „Михајлово“, на планината Кожуф.






– Ова е исклучително голема можност за кавадарчани, но, не и само за кавадарчани. Од сите краеви на државата ќе дојдаѓаат да уживаат во овие прекрасни природни убавини и да се рекреираат. Навистина би сакал ова да биде само еден почеток, а понатаму уште повеќе да се развива и самото место и регионот, затоа што самата планина и сето ова што е околу оваа ски-патека е природна реткост – рече Мицкоски.

Премиерот им честиташе, како што ги наброја, на градоначалникот Јанчев, на што ја подржуваат работата, на пратениците од македонскиот парламент, членовите на македонската влада, советниците, администрацијата во Општина Кавадарци, општествено одговорните компании, на кои, како што рече, кои придонесуваат со својот ангажман Кавадарци како општина да претставува прекрасно место за живеење.

– Ние како Влада и во иднина ќе продолжиме да помагаме. Сега во февруари ќе биде објавен и новиот повик до општините, за да аплицираат со нови проекти кои што ќе бидат финансирани од страна на Владата. Така што, кога заеднички се работи, успехот е тука. Уште еднаш честитки и со лесно нека се користи, со убаво нека се користи оваа ски-патека – рече премиерот Мицкоски.

Поврзани содржини