УКИНУВАЊЕТО НА ПРЕСУДАТА ЗА ЛАСКАРЦИ – СРАМ ЗА МАКЕДОНСКОТО ПРАВОСУДСТВО 16 луѓе загинаа, а нема одговорност

Врховниот суд на Африм Фидани ѝ нанесува срам на правдата во Македонија. Сега е јасно дека инсталациите на СДСМ и на ДУИ во правосудниот систем сè уште се активни - пишува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

1

Врховниот суд ја укина пресудата за Ласкарци, каде загинаа 16 лица, a Стевчо Јакимовски излегува на слобода – тое е сè што треба да знаете за судството под контрола на СДСM и на ДУИ, со 2% доверба – коментира ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

„Врховниот суд ја укина пресудата за несреќата кај Ласкарци, каде загинаа 16 лица. 16 лица загинаа, а нема одговорни. Исто како што во правосудниот систем нема одговорност и за запалената модуларна болница на Венко Филипче, каде живи гореа луѓе. Во која друга држава и при кое друго судство може да загинат над 30 луѓе, а да нема виновни?






Во исто време, на слобода е пуштен и Стевчо Јакимовски, кој беше правосилно осуден за криминал. Ова е сè што треба да знаете за судството водено од ДУИ и СДС, со 2 отсто доверба.

Врховниот суд на Африм Фидани нанесува срам на правдата во Македонија. Сега е јасно дека инсталациите на СДСМ и на ДУИ во правосудниот систем сè уште се активни. Затоа талогот останува најдолу“ – пишува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

ВРХОВНИОТ СУД ЈА УКИНА ПРЕСУДАТА ЗА ТЕШКАТА СООБРАЌАЈКА НА „ДУРМО ТУРС“ Осудените излегуваат од затвор, предметот оди на ново судење

 

Поврзани содржини