ОКТА ОСТВАРИ СИЛНА ПРОФИТАБИЛНОСТ ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ Годината започна со предизвици на меѓународниот пазар

Бруто-добивката на ОКТА достигнала 269 милиони денари, што, како што се вели во анализата, претставува намалување од 9% споредено со истиот период минатата година. Добивката пред оданочување изнесува 107 милиони денари.

57

 

Компанијата ОКТА оствари силна профитабилност во првиот квартал од 2025 година во услови на меѓународно опкружување исполнето со предизвици, велат од ОКТА во соопштение. Компанијата ги претстави финансиските резултати во табела.






(во милиони денари) К1 2025 година К1 2024 година % на промена
Приходи од продажба 8.767 10.872 -19%
Бруто добивка 269 298 -9%
Оперативни трошоци 152 160 -5%
ЕБИТДА 117 138 -15%
Добивка пред оданочување 107 77 39%
Нето добивка 96 67 43%
Прилагодена ЕБИТДА* 137 110 25%

*Прилагодена на ефектот на вреднување назалихите

„Во првиот квартал од 2025 година, цените на суровата нафта се движеа помеѓу 60 и 68 долари за барел што претставува намалување во однос на опсегот од 68 до 93 долари за барел, во првиот квартал од 2024 година. Ваквиот пад првенствено беше предизвикан од неизвесноста околу развојот на глобалниот трговски протекционизам, инфлаторните притисоци и геополитичките тензии. Инфлацијата доведе до повисоки трошоци за производство, додека геополитичките прашања го дестабилизираа пазарот. Како резултат на трговските тензии, проекциите за растот на глобалната побарувачка за нафта беа намалени,  за разлика од општото зголемување на цените во првиот квартал од 2024 година, предизвикано од геополитички ризици и нарушувања во снабдувањето“, се вели во анализрата на ОКТА.

Понатаму во текстот се вели дека „обемот на продажба во првиот квартал од 2025 година изнесуваше 247 илјади М³, со пад од 10% споредено со истиот период минатата година. Производите беа пласирани на двата пазари на кои компанијата традиционално работи (домашниот и извозниот), при што извозот учествуваше со 24% во вкупниот обем на продажба“.

Бруто-добивката на ОКТА достигнала 269 милиони денари, што, како што се вели во анализата, претставува намалување од 9% споредено со истиот период минатата година. Добивката пред оданочување изнесува 107 милиони денари.

„Прилагодената ЕБИТДА за периодот достигна 137 милиони денари, бележејќи годишен раст од 25%. Ова е резултат од зголемената продажба на домашниот пазар, зголемените чисти извозни бруто-маржи, повисоката бруто маржа на електрична енергија и намалувањето на оперативните трошоци за 5%. Остварената ЕБИТДА забележа пад од 15% споредено со истиот период лани, главно поради  негативниот ефект на вреднување на залихите од 20 милиони денари, наспроти позитивниот ефект од 28 милиони денари постигнат во претходната година“, истакнуваат од ОКТА.

Комопанијата нагласува дека инвестирала во проекти за обновливи извори на енергија.

„Во согласност со своите стратешки приоритети и одлуката да ги зајакне инвестициите во почисти извори на енергија и да ги намали емисиите на јаглерод диоксид, компанијата инвестираше 9 милиони денари во проекти за обновливи извори на енергија во текот на првиот квартал од 2025 година. Овие тековни инвестиции не само што придонесуваат кон одржливоста на животната средина, туку обезбедуваат и  значителни економски придобивки“.

ОКТА вели дека за компанијата 2025 година започнала со фокус на децата и младите.

„Посветеноста на компанијата на својата стратегија за ООП останува цврста и доследна, особено во поглед на поддршката на средината и заедницата каде што ОКТА работи. Годината започна со фокус на иднината на земјата – децата и младите. Преку нашата годишна донација од 6.000 литри екстра лесно масло за греење на СОС Детското село во Скопје, обезбедивме доволни количини за целосно покривање на потребите за греење за целата година. Ваквиот придонес значително ги подобрува условите за живот на децата без родителска грижа“, се вели во соопштението.

Во текот на првиот квартал од годината, ОКТА ја најави својата програма за стипендии за постдипломски студии во земјата и во странство.

„Оваа иницијатива го поддржува нашето уверување дека инвестирањето во образованието и новата генерација значи инвестирање во поодржлива и посигурна иднина. Нашите вработени пак, повторно ја покажаа својата посветеност на општествената добробит преку учеството во првата традиционална крводарителска акција за оваа година, потврдувајќи ја својата непоколеблива посветеност на хуманоста и благосостојбата на заедницата“, порачува компанијата.

Понатаму во текстот се вели дека „ОКТА има за цел да ја задржи својата лидерска позиција на локалниот пазар преку обезбедување на редовно и непрекинато снабдување со горива од највисок квалитет до своите клиенти на пазарите на кои работи“.

Компаниајата вели дека ја подобрува и својата ефикасност, но и дека придонесува за подобро општество.

„Унапредувајќи ги своите иницијативи за автоматизација, компанијата работи на подобрување на својата организациска ефикасност, намалување на трошоците и поставување на цврста основа за идни остварувања. Преку прифаќање на иновациите и приспособливоста, ОКТА не само што обезбедува континуитет, туку и придонесува за подобрување на општеството, поттикнувајќи одржлив напредок и стабилност за сите“.

 

Поврзани содржини