ОД ОКТОМВРИ ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТАТ ДИГИТАЛНИ ФОРМИ НА ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА Андоновски најави нова мобилна апликација мУслуги

Следниот чекор во дигиталната трансформација е мобилниот телефон постепено да стане дигитален паричник преку кој граѓаните безбедно и едноставно ќе пристапуваат до своите документи и до услугите на државата.

1

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски најави дека во октомври ќе биде промовирана новата мобилна апликација м.Услуги на која ќе бидат достапни електронски верзии на личната карта и возачката дозвола.

-Можам официјално да најавам дека во октомври ќе организираме настан на кој ќе ја промовираме мобилната апликација м.Услуги. Во неа ќе бидат достапни електронски верзии на личната карта и возачката дозвола, како и две електронски услуги за граѓаните- изјави Андоновски во емисијата „Вести плус” на Канал 5 Телевизија.






Преку м.Услуги, граѓаните на едно место ќе можат да пристапуваат до личните документи во дигитална форма како и до електронските услуги на администрацијата. Целта е државните услуги да станат подостапни и поедноставни за користење, директно преку мобилен телефон.

Министерот посочи дека во изминатиот период интензивно се работело на прашањата поврзани со сајбер-безбедноста, заштитата и начинот на чување на личните податоци, како и нивната размена со Министерството за внатрешни работи, кое е сопственик на податоците.

-Во завршна фаза сме на усогласување и потпишување на протоколот за размена на податоците, како и на тестирањето на апликацијата. Сакаме, пред таа да биде достапна за сите, да бидеме сигурни дека системот е стабилен, безбеден и едноставен за користење. Апликацијата ќе биде достапна на App Store и Google Play, а нејзината тест-верзија досега ја презедоа околу 6.000 граѓани – рече Андоновски.

Следниот чекор во дигиталната трансформација е мобилниот телефон постепено да стане дигитален паричник преку кој граѓаните безбедно и едноставно ќе пристапуваат до своите документи и до услугите на државата.

Поврзани содржини