СТИВНУВААТ ПОЖАРИТЕ Уште два се активни, а три се под контрола
Центарот за управување со кризи. информира дека вчера се изгаснати 22 пожари на отворено.
Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани се вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои два се активни, три се под контрола, а 22 се изгаснати, соопшти утрово Центарот за управување со кризи.
Активни пожари има во Општина Маврово и Ростуше кај месноста Голем Брдаш каде што гори шума и во Општина Шуто Оризари – кај Визбегово, позади хотелот „New Star“, каде што е запалена депонија.
Пожари под контрола се пожарите во Општина Зелениково над с. Палиград – Преслап, во Општина Сарај – кај с. Копаница и во Општина Струга – кај селата Пискупштина, Буринец и Локов.