СЕКОЈ ЌЕ МОЖЕ ДА ПРОВЕРИ ДАЛИ ФИРМАТА ИМА ЛИЦЕНЦА Се воведува систем на смарт лиценци

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски информира дека системот веќе е во функција во Министерството, а во фаза на тестирање е во Министерство за економија за издавање лиценци за дискотеки, кабаре и кафе бар.

0

Целосна дигитализација на системот на издавање и контрола на лиценци што ги издава државата преку систем на СМАРТ лиценци претстави денеска Министерството за дигитална трансформација. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски рече дека моделот овозможува лесна и брз проверка на валидноста на издадените лиценци преку систем што содржи електронско барање, електронски регистар, QR проверка, транспарентност и проверлива трага.

– Тоа значи дека граѓанин, инспектор или друг субјект проверува јасно и брзо дали некоја лиценца е валидна или истечена. Со СМАРТ лиценците граѓаните добиваат можност за брза проверка на валидноста некоја лиценца, компаниите добиваат помалку административни проверки и барања за потврди, а институциите добиваат јасна врска до единствен регистар – изјави Андоновски.






Тој посочи дека досега немало начин да се провери валидноста, што сега ќе биде овозможено преку жив регистар до кој се пристапува со скенирање на код од лиценцата.

-Креиравме Асистент кој е целосно дигитален и со скенирање на код ве носи до жив систем каде се наоѓа валиден електронски документ. Моментално е само во Министерството за дигитална трансформација, но интенцијата е тоа да се прошири. Во фаза на тестирање сме во Министерство за економија за издавање лиценци за дискотеки, кабаре и кафе бар. Но, не смее да остане само на ова и интенцијата е да се прошири на повеќе, изјави Андоновски.

Системот, како што посочи Андоновски, дел од документите ги влече по автоматизам, а дел се уште се закачуваат како електронски документи. Имаме база од 340 илјади корисници и целта е таа да се искористи и врзе со другите институции.

Процесот, како што посочи Андоновски, нема да оди брзо и во сите институции одеднаш, но државата издава голем број лиценци, а системот е лесно прилагодлив и може да се употреби од лиценци за транспорт, логистика, осигурување, хотели, правосудство, животна средина, урбанизам, дозволи за градење.

Поврзани содржини