НОЌНА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО СКОПЈЕ Приведени повеќе лица, се истражува штета од над 13 милиони денари

Полицијата претресувала повеќе локации поради сомневања за финансиски злоупотреби при регистрација на возила.

4

Доцна синоќа полицијата спровела акција во Скопје поради сомневања за сериозен финансиски криминал. Припадници на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал претресле повеќе локации. Приведени биле повеќе лица.

Според неофицијалните информации, акцијата била забрзана откако еден од главните осомничени се обидел да ја напушти државата. Истражните органи потоа презеле мерки и ја почнале реализацијата.






Неофицијално, истрагата опфаќа повеќе физички лица и правни субјекти.

Првичната проценка е дека штетата надминува 13 милиони денари, односно повеќе од 210.000 евра. Акцијата продолжила и утрово, а во текот на денот се очекуваат информации од надлежните институции.

Поврзани содржини