ШТО ТРЕБА СЕКОЈА УЧЕНИЧКА ДА ИМА ПРИ РАКА? dm има 8 мали сојузници за новата учебна година

0

Нови тетратки, омилен ранец, распоред на часови и една мала торбичка во која се наоѓа сè што може да биде потребно во текот на училишниот ден. Со почетокот на новата учебна година, покрај училишниот прибор, време е да се подготви и „back to school“ торбичката со практични производи за лична хигиена, свежина и нега. Во dm продавниците може да се пронајдат производи од dm марките Balea, Sanft&Sicher, Jessa, Mivolis, Soft&Sicher и ebelin, кои лесно можат да станат дел од секојдневната училишна рутина.

За почеток, производ кој речиси секогаш добро доаѓа во чантата е Balea Over the Clouds балсамот за усни. Формулата со шеа путер и органско кокосово масло ги негува усните и помага да се заштитат од сушење, оставајќи ги меки и негувани. Цветниот мирис е дополнување на формулата, а практичниот формат овозможува балсамот секогаш да биде при рака – пред часови, за време на одмор или по училиште.






Училишните тоалети се уште една ситуација во која мал производ во чантата може да направи голема разлика. Sanft&Sicher хартиените навлаки за тоалетна даска се наменети за еднократна употреба, направени се од биоразградлив материјал и доаѓаат во пакување што повторно може да се затвори. Едноставно се поставуваат на тоалетната даска, а поради компактното пакување се практични и за училиште, патувања и излети.

За девојчињата кои сакаат да бидат подготвени во текот на целиот ден, во торбичката може да се најде место и за Jessa ултратенките дневни влошки со заштитна фолија. Со дебелина од само 0,9 мм, тие се меки и дискретни, а секоја влошка е поединечно спакувана, што ги прави практични за носење во училишната чанта.

Мал пакет Soft&Sicher четирислојни хартиени марамчиња е уште еден производ што секогаш може да затреба. Практичното патно пакување лесно се сместува и во помала торбичка, а марамчињата се изработени од свежа целулоза од контролирано потекло, избелени се без хлор и се дерматолошки тестирани. Достапни се во повеќе бои и дезени, што внесува и малку разиграност во секојдневните практични производи.

За чувство на свеж здив меѓу часовите, тука се Mivolis MINTS бонбоните со вкус на шумско овошје. Не содржат шеќер, туку засладувачи, погодни се за вегани, а овошниот вкус го комбинираат со суптилна нота на нане. Во пакувањето има 50 бомбони, па лесно може да најдат постојано место во училишната чанта.

А кога денот е долг, Balea Soft Flower дезодорансот во спреј носи дополнително чувство на свежина. Има цветен мирис и обезбедува заштита од непријатни мириси до 48 часа. Веганската формула е без алуминиум, дерматолошки е испитана и не остава бели траги на облеката.

За крај, тука е еден мал сојузник за брзо средување на косата пред часови, по физичко или пред дружењето по училиште. ebelin MINI четката за коса е погодна за сите типови коса и благодарение на компактниот формат лесно се сместува во секоја торбичка. Освен за расчешлување, четката овозможува и пријатна масажа на темето, а достапна е во повеќе бои и дезени.

Балсам за усни, хигиенски гел, марамчиња, производи за интимна хигиена, нешто за свеж здив и брзо средување – добро склопената „back to school“ торбичка не мора да биде голема за во неа да се најдат малите нешта што можат да бидат корисни во текот на денот. Со практичните производи од dm марките, девојчињата можат да ја состават според сопствените потреби и да ја имаат при рака во училишниот ранец уште од првиот училиштен ден.

Поврзани содржини