📽 НОВО ОРУЖЈЕ, ПОГОЛЕМА ПАРАДА И СОРАБОТКА СО КИНЕЗИТЕ Што беше различно на славјето за Денот на победата оваа година?

Парадата траеше нешто помалку од два часа, а дроновите „Лансет“ и „Геран-2“ беа прикажани за првпат. Дронот „Лансет“ се користи и за ударни и за извидувачки мисии. Тој наводно уништил украински тенкови и воен авион. „Геран-2“ е руско самоубиствено летало, или камиказе-дрон со дизајн кој потекнува од Иран.

2,339

Ова беше значително поголема парада отколку во претходните години, пишува дописникот за „Скај Њуз“ за парадата во Москва за Денот на победата која се случи денеска, петок, 9 мај. „Мислам дека пред две години имаше помеѓу 7.000 и 8.000 припадници на вооружените сили. Оваа година имаше околу 11.500“, вели тој за медиумот.

Додека американскиот претседател Доналд Трамп ден пред парадата на својата социјална мрежа се закани дека ако нема 30-дневно примирје САД ќе воведат санкции за Москва, рускиот претседател Владимир Путин во друштво со кинескиот колега Си Џинпинг испратија писмо велејќи дека „САД и нивните сојузници се обидуваат да го прошират НАТО кон азиско-пацифичкиот регион, создаваат затворени сојузи и се обидуваат да ги придобијат земјите во тој регион за нивната индо-пацифичка стратегија“.






Медиумите коментираат дека Џинпинг беше до Путин на поголемиот дел од настаните. Тие заедно положија венци и цвеќе на Гробот на незнајниот војник во Александровата градина по парадата.

Претходно, во својот говор на парадата Путин рече дека „вистината и правдата се на наша страна“ и дека е „наша должност да ја браниме руската армија“.

Што беше различно на парадата во Москва овој 9 мај? Додека според Украинскиот генералштаб речиси 200 инциденти од двете страни го прекршија тридневното примирје предложено за Денот на победата, на самата парада беше претставено ново оружје.

 

Парадата траеше нешто помалку од два часа, а дроновите „Лансет“ и „Геран-2“ беа прикажани за првпат. Дронот „Лансет“ се користи и за ударни и за извидувачки мисии. Тој наводно уништил украински тенкови и воен авион. „Геран-2“ е руско самоубиствено летало, или камиказе-дрон со дизајн кој потекнува од Иран.

Владимир Путин ја гледаше парадата од ложа, каде што седеше до кинескиот колега додека војниците маршираат низ Црвениот плоштад во Москва. Дваеесет и девет светски лидери дојдоа на настанот. Кинескиот контигент беше најголемиот меѓу војниците на 13 земји кои учествуваа во парадата заедно со руската армија.

На Црвениот плоштад беа воведени посебни безбедносни мерки, а според репортерот на РТС, дури и на новинарите им беше забранет пристапот до таа зона. Дури и пристапот до прес-центарот беше многу ригорозен.

Gледачите имаа можност да видат повеќе од 130 единици воена опрема, ракетни системи „Искандер“, системи за воздушна одбрана, како и најнова технологија., вклучувајќи примероци од Втората светска војна, како и модерни модели.

Продефилираа колони воена опрема, тенкови, самоодни артилериски единици, повеќекратни ракетни системи и други возила.

Путин се симна од церемонијалната ложа и ги поздрави командантите на руските вооружени сили. Ги поздрави и командантите на кинеските вооружени сили. По завршетокот на парадата тој го напушти Црвениот плоштад поминувајќи покрај трибините каде што доби овации од граѓаните.

 

Поврзани содржини