📽️ БОРИС ЏОНСОН И ДРУГИ ЕВРОПСКИ ФУНКЦИОНЕРИ ИЗБЕГНАА ТРАГЕДИЈА Руски дрон погодил воз откако тие ја поминале украинско-полската граница
Дронот ја погоди локомотивата на возот во близина на станицата Јагожин во западна Украина, по што сите патници беа евакуирани. Руското Министерство за одбрана објави дека цел на нападот била „железничката инфраструктура“ во западниот дел на Украина.
Руски дрон погоди воз во близина на украинско-полската граница, кратко откако поранешниот британски премиер Борис Џонсон и високи европски безбедносни претставници поминаа низ истата железничка линија, соопштија украинските власти. Во нападот нема повредени.
Дронот ја погоди локомотивата на возот во близина на станицата Јагожин во западна Украина, по што сите патници беа евакуирани. Руското Министерство за одбрана објави дека цел на нападот била „железничката инфраструктура“ во западниот дел на Украина.
Џонсон и група високи европски советници за безбедност, вклучувајќи го и британскиот советник за национална безбедност Џонатан Пауел, претходно патувале на истата железничка линија на враќање од Киев, каде што присуствувале на конференција.
Џонсон по нападот изјави дека не разбира „каква искривена логика го натера Путин да ја дигне во воздух украинската локомотива што стоеше на полската граница утрово“ и праша кога на Украина ќе ѝ биде обезбедена воздушната одбрана што ѝ е потребна.
Footage of the strike on a checkpoint on the Ukrainian-Polish border
Ukrainian Foreign Minister Andrii Sybiha called what happened “Putin’s terror” and said that the Russian threat is now literally knocking on the doors of the EU and NATO.
Sybiha called on partners to increase… https://t.co/bUvBAkUvcz pic.twitter.com/AwhjhNJFFP
— NEXTA (@nexta_tv) September 13, 2026
Украинската државна железничка компанија „Укрзализниција“ објави дека 15 минути пред нападот, бил регистриран дрон со млазен погон и била издадена наредба за евакуација.
Компанијата потврди дека возот со кој патувале Џонсон и другите функционери претходно бил на станицата Јагожин, но дека било одлучено да тргне порано од планираното.
„Сосема е можно целта на овој дрон да бил дипломатски воз, кој ја напуштил станицата порано од очекуваното поради промена на распоредот… предизвикана од постојаните закани за руски напади“, соопшти Укрзалижњица.
Полскиот премиер Доналд Туск рече дека руски дрон погодил цел на 800 метри од полската граница.
Во последните месеци, Русија изврши серија напади врз украински возови, железнички депоа и други објекти на транспортната инфраструктура, од кои некои беа смртоносни.
На почетокот на овој месец, шест вработени во државната железничка компанија „Укрзализницја“ беа убиени кога беше погодено депо во Киев.
Оваа недела, кондуктерка беше убиена во руски напад со беспилотно летало врз патнички воз во јужна Украина.
Во јануари, украинскиот претседател Володимир Зеленски го осуди рускиот напад врз полн патнички воз во североисточниот регион Харков. Пет лица загинаа во тој напад, а Зеленски го нарече „тероризам“.
Руските напади сериозно ја оштетија железничката мрежа на Украина, која е клучна за транспорт на милиони луѓе. Железницата е особено важна бидејќи воздушниот сообраќај во Украина е суспендиран од почетокот на целосната руска инвазија во 2022 година.